MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Вулканизерски сервис

 

Монтажа и балансирање 

Монтажа на пневматици преставува физичко поставување на гумата на фелните. Во овој процес невниманието или непрофесионалноста може да допринесат за сериозно оштетување на гумата.
Балансирањето на пневматиците е процес за врамнотежување на тежината на тркалата, кој обично се постигнува со користење на т.н. баланс тегови. Доколку тркалата не се правилно балансирани се јавува нестабилност веќе при брзина од 70км на час.
Во Мотоцентар монтажата и балансирањето се услуги кои се нудат бесплатно со секој купен пневматик. Овие услуги се вршат од високообучен кадар со најсовремена опрема за монтирање и балансирање.


Азотно пумпање

Азотот како инертен гас има поблагопријатни својства од кислородот, посебно на повисоки температури. Со цел да се задржат својствата на пневматиците и при поголеми температурни варијации, се препорачува азотното полнење пневматици, особено во летниот период.

Предностите на азотното полнење пневматици се многубројни, и тоа: зголемен век на трајност на пневматикот, намалена потрошувачка на гориво, како и поголема сигурност и удобност при возењето. 


Поправка на пневматици

Поправката на пневматиците зависи од степенот на оштетувањето на пневматикот. Доколку се процени дека оштетувањето е поголемо, тогаш се препорачува заменување на стариот со нов пневматик. Поправката на пневматиците обично се прави со лепенки, кои можат да бидат нанесени со ладна или топла вулканизација. 
За поправка на пневматици, од страна на висококвалификуван кадар, во нашите продажно- сервисни салони, се користи вулканизерска опрема и лепенки исклучиво од светски реномираниот производител TIPTOP. 

Адреса:

Кисела Вода
Бул.Србија бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница)
тел.: ++ 389 2 2774 144

Момин Поток
ул.Јадранска Магистрала бр.1 - Скопје
тел.: ++ 389 2 3095 777

Нерези
ул.Војвода Васил Чакаларов бр.2 (спроти Реплек) - Скопје
тел.: ++ 389 2 3080 009

Маџари
ул.1632 бр.10 - Скопје
тел.: ++ 389 2 2550 619

Прилеп
Бул.Александар Македонски бр.580 (на влезот после Lukoil)
тел.: ++ 389 048 404 184

Штип
ул. Индустриска Зона Македонка 65/8 - Штип
тел.: ++ 389 32 304 030

Битола
ул.Краварски пат бб - Битола
тел.: ++ 389 4 7203 991; ++389 7 5407 734;

Куманово
ул.Козјачка бр.38 С.Доброшане - Куманово
тел.: ++ 389 3 1451 047