MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Историјат

Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето, во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 70 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.

Разновидната палета на брендови ни овозможува да привлечеме различни профили на купувачи, од оние кои се ориентираат исклучиво според цена, до оние кои бараат врвен квалитет.

 

Како застапници на еден од водечките брендови за вулканизерско-сервисна опрема Џулијано од Италија, ги инсталиравме нивните најсовремени машини за монтажа и демонтажа на пневматици во нашите сервисно – продажни салони.

Горди сме со сите свои центри, меѓу кои последниот во Скопје, лоциран на булевар “Србија“ 10 (кај скопска Цементарница), каде што покрај салонот за гуми, работи и сервис кој е модерно и богато опремениот со машини, апарати и алати за третман на пневматиците, центрирање преден трап и брз сервис за сите типови патнички моторни возила. Со цел да им понудиме поголема вредност на крајните потрошувачи, на територијата на Град Скопје имаме сопствени продажно-сервисни центри и салони лоцирани на: “Момин Поток“ б.б. (Качанички пат) каде можат да се третираат автомобили, полутоварни и товарни возила; во населба Маџари, на улица “Перо Наков“ б.б. (за товарни возила и протектирани гуми); во населба Нерези (спроти фабриката “Реплек“).

 

Мотоцентар веќе со години гради дистрибутерска мрежа на високо квалификувани дилери низ цела Македонија, а нашите производи се присутни на пазарот низ целата земја. Во 2010 година се одлучивме и за регионално проширување, отворајќи сопствен продажно-сервисен салон во Битола (“Краварски Пат“ б.б., на патот за Грција )

Во декември 2014 година отворивме уште ден сопствен сервисен центар, овој пат во Куманово (во индутсриската зона Доброшане), а во јануари 2015 година го планираме најновиот регионален центар кој ќе биде лоциран во Прилеп (на влезот во градот). 

Во текот на нашето повеќегодишно работење нашиот стремеж бил и ќе биде да изградиме долгорочни и одржливи односи со нашите купувачи преку разновидни иновации, производи и услуги, се со цел да прераснеме во еден од поголемите центри за пневматици во регионот.

 

СО ПОЧИТ,
МОТОЦЕНТАР - ВАШИОТ ЦЕНТАР ЗА ГУМИ

Адреса:

Кисела Вода
Бул.Србија бр.10 - Скопје (на кружниот тек кај скопска цементарница)
тел.: ++ 389 2 2774 144

Момин Поток
ул.Јадранска Магистрала бр.1 - Скопје
тел.: ++ 389 2 3095 777

Нерези
ул.Војвода Васил Чакаларов бр.2 (спроти Реплек) - Скопје
тел.: ++ 389 2 3080 009

Маџари
ул.1632 бр.10 - Скопје
тел.: ++ 389 2 2550 619

Прилеп
Бул.Александар Македонски бр.580 (на влезот после Lukoil)
тел.: ++ 389 048 404 184

Штип
ул. Индустриска Зона Македонка 65/8 - Штип
тел.: ++ 389 32 304 030

Битола
ул.Краварски пат бб - Битола
тел.: ++ 389 4 7203 991; ++389 7 5407 734;

Куманово
ул.Козјачка бр.38 С.Доброшане - Куманово
тел.: ++ 389 3 1451 047