MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Continental Black Chili: Почувствувајте ги кривините на Прованса, искусете совршена гума

03.04.2019 11:24:47

Дали се прашувате какво е чувството на шарата од гумите со ултра-високи перформанси? Кога навистина ја чувствувате силата на кривината додека возите супер спортски автомобил, знаејќи дека гумата има цврст зафат? Не може да се опише, треба да го почувствувате.

Искуството на возење со Black Chili е единстено искуство на возење, нудејќи им на избраните учесници можност еднаш во животот да го доживеат автомобилскиот сон. Победниците на наградното натпреварување на Continental ќе добијат четиридневен пакет кој ќе им даде увид на незаменливиот престиж. Престојуваќи во хотели од највисоко ниво и уживање во елитни ресторани, вклучувајќи и еден од најдобрите ресторани во Кан со поглед на познатото светско пристаниште, е само црешата на шлагот.
Прославување на водечката улога на Continental во автомобилската индустрија
Black Chili е "тајниот зачин" на Continental кој им помага на нивното соединение на гуми да постигнат уште подобри перформанси. Како резултат на интензивни истражувања, иновации и развој на производи, неговото воведување значително ја подобри ефикасноста на возењето и сопирањето на летните гуми со ултра-високи перформанси (UHP), додека во исто време го намалува отпорот на вртежи со што гумите се потрајни и со секојдневната употреба. ContiSportContact 5, ContiSportContact 5P и SportContact 6 се гумите монтирани на автомобилите, кои се дел од искуството на возење со Black Chili и се особено погодни за спортски автомобили, џипови па дури и на електрични автомобили. Квалитетот на овие гуми исто така може да биде демонстриран со фактот дека Continental е во водечка позиција кога станува збор за оригиналната опрема.Сите автомобили кои се дел од патувањето, меѓу нив се Porsche Boxster 718, Mercedes C43 AMG, Audi RS3, првично се опремени со гуми Continental, што значи дека тие биле произведени и во блиска соработка со производителот на автомобили.
Овие денови скоро секое трето ново возило во Европа излегува од производство опремено со гуми Continental. Како што Continental не е само производител на гуми, туку прави околу 75% од вкупниот глобален бизнис како снабдувач на автомобили, не е ни чудо што поголемиот дел од сите нови автомобили исто така се опремени со широк спектар на други делови произведени од Continental, како суспензија, системи за сопирање и други помошни системи за безбедност (ABS, ESP, AEB итн.), можности за поврзување и решенија за уживање во возилото, па дури и мали, но важни работи како прскалки за миење на предните фарови.
Како да се пријавите за да добиете шанса да победите?
За да ја прослави својата водечка улога во индустрија за гуми и автомобили Continental зема група на луѓе од јадранскиот регион до искуството на возење со Black Chili помеѓу 23ти и 26ти мај. Среќниот победник, исто така, може да донесе уште една личност по негов избор за да ги почувствува кривините на Прованса и да го доживее совршенството на гумите на Continental.
За да се вклучите во наградното натпреварување и да добиете дополнителни информации, ве молиме, посетете ја страницата www.blackchili.mk.