Porsche ги избира MICHELIN Pilot Sport Cup 2 гумите за лансирање на својот модел 911 GT3 RS
16.06.2015 02:23:21
При лансирањето на својот нов модел 911 GT3 RS, Porsche AG планира да ги опреми сите автомобили соMICHELIN Pilot Sport Cup 2 гумите со ултра високи перформанси и тоа со предни265/35 ZR20 и задни325/30 ZR21 гуми.
Замаглувајќи ја границата која ги дели спортските од друмските гуми, MICHELIN Pilot Sport Cup 2 е најнова генерација на тркачки гуми кои легално може да се користат и на патиштата специјално дизајнирани за автомобили со ултра високи перформанси кои се користат и на патиштата и на тркачките патеки. Довербата на Porsche во перформансите на оваа гума јасно се гледа од фактот дека е таа дел од оригиналната опрема и на другите понови модели, вклучувајќи ги и 918 Spyder, Cayman GT4 и 911 GT3.
Заедничкиот развој на овие гуми започна со гумите кои се користеа на моделот 918 Spyder, a истите, потоа, понатаму бea развиени и ускладувани со карактеристиките кои ги бараа инженерите на Porsche за GT3 RS фокусирани за користење на тркачките патеки.
Употребата на гуми чии димензии се поголеми од оние кои се поставени на GT3 значи дека големината на контактната површина на гумата е зголемена за 20% напред и 18% позади. Вкупно гледано, со ова се постигнува поголемо ниво на прилепување и се придонесува за динамично управување со возилото кое е фокусирано на користење на тркачката патека.
Поради иновативните гама технологии изведени од авто-мото спортовите, како што е технологијата на двојни компоненти, која подразбира примена на различни соединенија на гуми на внатрешниот и надворешниот дел на газната површина и променливата контактна површина за патеки 3.0, која го оптимизира притисокот на контактната површина на гумата така да секогаш исто количество на гума е во контакт со патот или патеката, без оглед на тоа дали се вози праволиниски или се врти, MICHELIN Pilot Sport Cup 2 на возачите им нуди единствен баланс на безбедност и уживање во возењето поради што може да се користи секојдневно на патиштата, како и во тешки услови на тркачката патека. За да се постигне тоа, инженерите на Michelin се фокусираа на истовремено подобрување на перформансите во различните области во согласност со Total Performance стратегијата на Групата.
Како резултат на таа стратегија, во споредба со претходникот Pilot Sport Cup+, Pilot Sport Cup 2 трае и до 50% подолго на патеката, а обезбедува двојно пократко минливо време*, ја подобрува отпорноста на аквапланинг по дожд и гарантира високо ниво на безбедност и уживање на возачот.
За да се осигура дека GT3 RS ќе биде подготвен за тешките услови на возење во зимски услови, Michelin е единствен снабдувач со зимски гуми и опрема за автомобилите на Porsche:
245/35R20 91V XLTL Pilot Alpin 4 N0
315/35R20 110V XLTL Pilot Alpin 4 N0
* Интернитестови на Michelin