MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Специјалната Олимпијада на Македонија повторно се врати со успеси

29.09.2014 12:22:59

Денес, 29 септември, во просториите на Мотоцентар, новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1 и најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, се дружеше со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија. Целта на оваа средба е споделување на искуства и успеси кои атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија и Иџе ги остварија во изминатиот период. Специјалната Олимпијада на Македонија учествуваше на најзначајниот меѓународен собир “Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада“ кој се одржа од 09 до 21 септември во Антверп, Белгија и на кои нашата делегација учествуваше со свои претставници во неколку категории; три атлети и еден тренер за пливање, три атлети и еден тренер по атлетика, еден атлет и еден тренер за бадминтон, два атлети и еден тренер за пинг понг и два делегати. Во конкуренција од 2.000 атлети од 58 европски земји, македонската делегација се врати со 4 бронзени медали и тоа: Ајбази Себаат за атлетика 200 метри, Христијан Тутурески за атлетика 100 метри, Живко Стојанов за пинг понг и Александар Цветковски за бадминтон. „Игрите од срцето“ – „Games of the heart“, како што беа насловени овогодинешните Европски игри врежаа прекрасни спомени и уникатно искуство за македонските атлети. „Сите наши атлети се натпреваруваа во новата спортска опрема која што ја донираше компанијата Мотоцентар, со која бевме унифицирани и со која бевме репрезентативни натпреварувачи на игрите“, потенцираше г-ѓа Ана Петровска, Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија Мотоцентар е компанија која е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија. “Сакавме да придонесеме во подготовките за овогодинешните летни игри и сметавме дека покрај сите останати работи кои им се потребни на нашите атлети, сепак дека спортската опрема е секогаш нај добредојдена. Затоа ние се насочивме кон таа цел, да нашите репрезентативци имаат нова спортска опрема. Знаеме дека ова е само мал дел од поддршката која име потребна, но се надеваме дека истата ќе допридонесе во мотивацијата на нашите атлети. Ние секако ќе продолжиме со нашата поддршка за Специјалната Олимпијада на Македонија и нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски Иџе“, изјави директорот на компанијата Мотоцентар Горан Гроздоски. 

Игор Стефановски - Иџе е нов европски шампион на ридски патеки

20.09.2014 12:18:49

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе е нов европски шампион на ридски патеки во категорија 1. Тој победи на десеттата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки во Швајцарија и на две трки пред крајот на сезоната ја потврди доминацијата во групата Н. - Се уште не верувам дека јас и мојот мал тим стигнавме до титулата. Се надевам дека со еден ваков голем успех ја израдувавме Македонија. Време е малку да се израдувам на триумфот бидејќи досега се беше на брзање и не ги почувствував победите на вистинскиот начин. Сега е се поинаку и уживам во овие прекрасни моменти. Им се заблагодарувам на фановите за поддршката и на спонзорите кои одвоија средства за да овозможат Македонија да се пофали со европски шампион во автомобилизам, изјави популарниот Иџе. „Летечкиот Македонец“ патеката „Коте Ст.Урсан“ долга 5.169 метри, ја помина за 2:18.799 и 2:17.307 минути и со скоро три секунди подобро време во секој настап зад себе ги остави Чесите Мартин Јерман (2:21.228 и 2:20.351) и најголемиот конкурент за титулата Јири Лос (2:19.599 и 2:22.756 минути). Нивниот сонародник Јаромир Мали победи во групата А (2:17.108 и 2:16.043), но Иџе со седмиот триумф годинава направи недостижна предност за конкурентите и на Македонија и ја донесе првата европска круна во авто-мото спортот. - Во Швајцарија ми беше потребно второто место, но јас возев во свој стил, без калкулации. Патеката на прв поглед изгледа лесна, но е многу опасна и многу возачи излетаа. После толку напор и труд конечно стигнав до титулата. Пресреќен сум, додаде Стефановски. 

Како нагазна површина со големина од просечна човечка дланка може да спаси живот?

15.09.2014 12:17:56

Без разлика колку добар возач сте и колку добар мотор имате под хаубата, вашата безбедност во крајна линија се базира на тоа колку добар контакт има вашето возило со коловозот. Размислете добро: вашите четири пневматици се единствениот контакт помеѓу вашето возило и патот, затоа е многу важно моќта на возилот да ја пренесете преку нагазна површина која е приближно голема колку една дланка на возрасен човек. Овие денови, најдобрите гуми се активни учесници на било кој автомобил и се производ на милионски инвестиции во истражувањето и развојот. Што уште треба да знаете? Пневматиците имаа исклучително важна улога во вашата безбедност. Вистински одржуваниот пневматик може да ви го спаси животот. Лошиот квалитет на гумата и нередовното одржување може да доведе до губење на контролата врз возилото тогаш кога ќе ви биде најпотребно. Останете во контакт Нагазната површина е спасител за секој пневматик. Треба да бидете среќни затоа што толку мала површина ја одржува вашата безбедност. Иако нагазната површина на секој еден пневматик не е поголема од вашата дланка, кога возите со 100 km/h, нејзината одговорност е далеку над нејзината големина. Сето тоа е дел од долгогодишно истражување и развој на пневматиците. На влажни патишта, нагазната површина функционира многу потешко, истиснувајќи ја водата низ нагазниот слој, создавајќи сува нагазна површина за да може вашиот автомобил постабилно да се движи по влажни коловози. Секако, ова е под претпоставка дека вашите пневматици се со соодветен притисок и адекватна длабочина на нагазна површина. Бидете свесни дека 36,8 % од сообраќајните несреќи се случуваат заради несоодветно одржување на вашите гуми.Сето ова е навистина корисно за вас и вашите сопатници. Покрај безбедноста, нагазната површина ви овозможува удобно возење и значителна заштеда на гориво. Тоа е дел од пневматикот кој буквално ја носи целата тежина на автомобилот без разлика дали забрзувате, сопирате или се движите, и се грижи за безбедноста на тие што се возат во него. Благодарејќи на истражувањата и развојот, нагазната површина е една од работите за која вие не треба да се грижите бидејќи таа е тука да се грижи за вас. Извор: MICHELIN.RS