MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Специјалната Олимпијада на Македонија повторно се врати со успеси

29.09.2014 12:22:59

Денес, 29 септември, во просториите на Мотоцентар, новиот европски шампион на ридски патеки во категорија 1 и најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, се дружеше со атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија. Целта на оваа средба е споделување на искуства и успеси кои атлетите од Специјалната Олимпијада на Македонија и Иџе ги остварија во изминатиот период. Специјалната Олимпијада на Македонија учествуваше на најзначајниот меѓународен собир “Европските Летни Игри на Специјална Олимпијада“ кој се одржа од 09 до 21 септември во Антверп, Белгија и на кои нашата делегација учествуваше со свои претставници во неколку категории; три атлети и еден тренер за пливање, три атлети и еден тренер по атлетика, еден атлет и еден тренер за бадминтон, два атлети и еден тренер за пинг понг и два делегати. Во конкуренција од 2.000 атлети од 58 европски земји, македонската делегација се врати со 4 бронзени медали и тоа: Ајбази Себаат за атлетика 200 метри, Христијан Тутурески за атлетика 100 метри, Живко Стојанов за пинг понг и Александар Цветковски за бадминтон. „Игрите од срцето“ – „Games of the heart“, како што беа насловени овогодинешните Европски игри врежаа прекрасни спомени и уникатно искуство за македонските атлети. „Сите наши атлети се натпреваруваа во новата спортска опрема која што ја донираше компанијата Мотоцентар, со која бевме унифицирани и со која бевме репрезентативни натпреварувачи на игрите“, потенцираше г-ѓа Ана Петровска, Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија Мотоцентар е компанија која е долгогодишен пријател на Специјалната Олимпијада на Македонија. “Сакавме да придонесеме во подготовките за овогодинешните летни игри и сметавме дека покрај сите останати работи кои им се потребни на нашите атлети, сепак дека спортската опрема е секогаш нај добредојдена. Затоа ние се насочивме кон таа цел, да нашите репрезентативци имаат нова спортска опрема. Знаеме дека ова е само мал дел од поддршката која име потребна, но се надеваме дека истата ќе допридонесе во мотивацијата на нашите атлети. Ние секако ќе продолжиме со нашата поддршка за Специјалната Олимпијада на Македонија и нашиот најуспешен автомобилист Игор Стефановски Иџе“, изјави директорот на компанијата Мотоцентар Горан Гроздоски. 

Игор Стефановски - Иџе е нов европски шампион на ридски патеки

20.09.2014 12:18:49

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски - Иџе е нов европски шампион на ридски патеки во категорија 1. Тој победи на десеттата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки во Швајцарија и на две трки пред крајот на сезоната ја потврди доминацијата во групата Н. - Се уште не верувам дека јас и мојот мал тим стигнавме до титулата. Се надевам дека со еден ваков голем успех ја израдувавме Македонија. Време е малку да се израдувам на триумфот бидејќи досега се беше на брзање и не ги почувствував победите на вистинскиот начин. Сега е се поинаку и уживам во овие прекрасни моменти. Им се заблагодарувам на фановите за поддршката и на спонзорите кои одвоија средства за да овозможат Македонија да се пофали со европски шампион во автомобилизам, изјави популарниот Иџе. „Летечкиот Македонец“ патеката „Коте Ст.Урсан“ долга 5.169 метри, ја помина за 2:18.799 и 2:17.307 минути и со скоро три секунди подобро време во секој настап зад себе ги остави Чесите Мартин Јерман (2:21.228 и 2:20.351) и најголемиот конкурент за титулата Јири Лос (2:19.599 и 2:22.756 минути). Нивниот сонародник Јаромир Мали победи во групата А (2:17.108 и 2:16.043), но Иџе со седмиот триумф годинава направи недостижна предност за конкурентите и на Македонија и ја донесе првата европска круна во авто-мото спортот. - Во Швајцарија ми беше потребно второто место, но јас возев во свој стил, без калкулации. Патеката на прв поглед изгледа лесна, но е многу опасна и многу возачи излетаа. После толку напор и труд конечно стигнав до титулата. Пресреќен сум, додаде Стефановски. 

Како нагазна површина со големина од просечна човечка дланка може да спаси живот?

15.09.2014 12:17:56

Без разлика колку добар возач сте и колку добар мотор имате под хаубата, вашата безбедност во крајна линија се базира на тоа колку добар контакт има вашето возило со коловозот. Размислете добро: вашите четири пневматици се единствениот контакт помеѓу вашето возило и патот, затоа е многу важно моќта на возилот да ја пренесете преку нагазна површина која е приближно голема колку една дланка на возрасен човек. Овие денови, најдобрите гуми се активни учесници на било кој автомобил и се производ на милионски инвестиции во истражувањето и развојот. Што уште треба да знаете? Пневматиците имаа исклучително важна улога во вашата безбедност. Вистински одржуваниот пневматик може да ви го спаси животот. Лошиот квалитет на гумата и нередовното одржување може да доведе до губење на контролата врз возилото тогаш кога ќе ви биде најпотребно. Останете во контакт Нагазната површина е спасител за секој пневматик. Треба да бидете среќни затоа што толку мала површина ја одржува вашата безбедност. Иако нагазната површина на секој еден пневматик не е поголема од вашата дланка, кога возите со 100 km/h, нејзината одговорност е далеку над нејзината големина. Сето тоа е дел од долгогодишно истражување и развој на пневматиците. На влажни патишта, нагазната површина функционира многу потешко, истиснувајќи ја водата низ нагазниот слој, создавајќи сува нагазна површина за да може вашиот автомобил постабилно да се движи по влажни коловози. Секако, ова е под претпоставка дека вашите пневматици се со соодветен притисок и адекватна длабочина на нагазна површина. Бидете свесни дека 36,8 % од сообраќајните несреќи се случуваат заради несоодветно одржување на вашите гуми.Сето ова е навистина корисно за вас и вашите сопатници. Покрај безбедноста, нагазната површина ви овозможува удобно возење и значителна заштеда на гориво. Тоа е дел од пневматикот кој буквално ја носи целата тежина на автомобилот без разлика дали забрзувате, сопирате или се движите, и се грижи за безбедноста на тие што се возат во него. Благодарејќи на истражувањата и развојот, нагазната површина е една од работите за која вие не треба да се грижите бидејќи таа е тука да се грижи за вас. Извор: MICHELIN.RS 

Кога безопасниот пат станува предизвик, дури и за добрите возачи?

15.09.2014 12:17:02

Дали знаете дека три четвртини од сите несреќи се случуваат на прави патишта? Или дека повеќето несреќи се случуваат на суви патишта и мала брзина? Понекогаш опасностите не се она кое што го очекувате. Откријте неколку изненадувачки факти со кои патиштата можат да станат многу побезбедни за вас. Состојбата на патиштата се менува секојдневно. Временските промени можат да направат голем проблем за вашата безбедност. Дури и кога најмалку очекувате, може да се најдете лице в лице со потенцијална несреќа. Истражувањата околу тоа кога, каде и зошто се случуваат овие несреќи откриваат податоци од кои можете да се изненадите. Кои услови на патот се важни? Помислувате на дожд? Замрзнати патишта? Ноќно возење? Ветровити селски патишта? Размислете повторно. Несреќите веќе не се она што го мислите. Во стварноста, повеќето несреќи се случуваат во урбаните средини, на суви патишта и мала брзина. Овој факт е помалку збунувачки,нели? Прав пат или пат со кривини? Влажни или суви патишта? Здравиот разум ни говори дека кривините претставуваат многу поголема опасност – особено кога тој пат е влажен. Сепак не е така. Дури 75% од несреќите се случуваат на прави патишта, а само една петтина од нив е на влажни коловози. На патиштата со кривини се случуваат само 25% од несреќите и тоа половина од нив на влажни патишта. Вистината е едноставна: повеќето несреќи се случуваат на суви патишта. 99% од несреќите на влажни коловози се случуваат кога на патишата има многу малу вода, затоа сите треба да бидеме многу внимателни. Ноќ или ден? Луди работи се случуваат во петок и сабота навечер. За жал, најголем број од несреќите со смртен епилог се случуваат овие два дена. Меѓутоа, по правило повеќето смртни случаи се случуваат во текот на ноќта. Дури две третини од овој тип несреќи се случуваат во интервал помеѓу 8 часот наутро до 20 часот навечер. Уште еднаш, очигледно статистиката оди против она во што повеќето луѓе веруваат. Поставете ги работите во ваша полза Бидете разумни и запомнете дека вистинските пневматици можат да ви го спасат животот. Исто така, имајте на ум дека дури и најдобрите од нив мора да се одржуваат правилно и навремено. Немој да бидете и вие дел од оние 65% на возачи кои возат со недоволно наполнети пневматици. Кога последен пат сте го провериле притисокот во вашите пневматици? Дали е добра ширината на нагазната површина на сите четири пневматици? Доколку не сте сигурни, посетете го најблискиот сервис за пневматици и побарајте мислење. Бидете безбедни без разлика на какви временски услови управувате со вашето возило. Извор: MICHELIN.RS 

Вашето семејство верува во вашето возење. Но, дали вие му верувате на патот?

01.09.2014 12:15:46

Бидејќи се грижите за сопствената безбедност, секогаш внимавате на условите на патот. Сепак, бројката на сообраќајни несреќи е и понатаму со повеќе од 1,2 милиони смртни случаи и 40 милиони повреди на глобално ниво. Причините се различни, почнувајќи од лоши услови на патот до замор на возачот и лошо одржување на пневматиците. Кои се главните фактори кои треба да ги земете во предвид за да бидете подобро подготвени? Вие не сте единствените на кои безбедноста им е на прво место. Ширум светот, безбедноста се мери со човечки жртви и финанскиски трошоци. Во Европа просечната сума на сообраќајните несреќи во 2004 година изнесува 180 милијарди долари, т.е. вкупно два годишни буџети на Европската Унија. Бројките се навистина огромни, но на крајот се се сведува на секој возач посебно. Свеста околу факторите на опасност може да помогне да направите промена. Некои од нив можат и да ве изненадат. Профил на несреќа Првото прашање е поврзано со половите. Од сите луѓе кои загинале во сообраќајни несреќи минатата година, 75% биле мажи. Исто така, многу важно е каде се наоѓате во однос на автомобилот за време на несреќата. Статистиките покажуваат дека 62% од загинатите се возачи, 19% патници и над 19% пешаци. Како фактор е земена и старосната граница на возачите, па така најголем процент на смртност има кај возачите од 15-29 години. Најголем број од сообраќајните несреќи се случуваат во месеците јули и август. Причина број 1: човечки фактор Воопшто не е важно каков човек сте вие туку како се однесувате како возач. Навистина, човечкиот фактор е број 1 причина кога станува збор за несреќите во сообраќајот. Постојат повеќе причини зошто е тоа така. Така на пример, заморот е 10-20% причинител на сообраќајните несреќи. Алкохолот воопшто нема да ве изненади како причинител , но важно е да се знае дека во Европа 25% од загинатите учесници во сообраќајот имале зголемено количество на алкохол во крвта. Критични грешки Постојат моменти кога многу од нас се наоѓаат во искушение да ги прекршат правилата. Но сепак, цената за тоа може да биде преголема. Еве на пример обичен телефонски разговор може да го зголеми ризикот за несреќа дури за 5 пати. Дали вашиот совозач не го врзува безбедносниот појас? Доколку дојде до несреќа, безбедносниот појас ќе го намали ризикот од повреда за цели 50%. Поголема брзина, поголем ризик Сите ние знаеме дека брзината е еден од причинителите на сообраќајните несреќи. Зголемувањето од само 5% на брзината го зголемува за 10% ризикот од несреќи кои предизвикуваат повреди, а за 20% несреќите со со фатални последици. Имате добра причина да ја намалите брзината и да возите безбедно, нели? Вие, вашите пневматици и спречување на несреќи Гледајќи со какви ризици се соочуваме на патот, од голема важност е и точката на поаѓање, со која можете да го модифицирате своето однесување кога сте зад волан. Секако, мора да бидете подготвени и за неочекувани работи кои ве чекаат зад секој агол. Добро запознајте се со ограничувањата и перформансите на вашиот автомобил, бидејќи така ќе знаете што може да очекувате од вашите пневматици. Пневматиците со подобар квалитет се клучен активен и безбедносен фактор на вашиот автомобил. Затоа ви препорачуваме внимателно да изберете кога станува збор за инвестирање во нови пневматици. Потоа, секако одржувајте ги и проверувајте го притисокот редовно. Размислете – овие четири гумени површини се вашата единствена допирна површина со патот. Неколкуте минути кои ќе ги потрошите проверувајќи ги вашите пневматици ќе ви бидат од голема корист во поглед на безбедноста за вас и вашето семејство. Извор: MICHELIN.RS