MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Кога треба да се променат зимските гуми со летни?

15.03.2014 12:08:11

Како што завршува зимата така е потребно пневматиците на вашето возило да се подготвар т.е.заменат со летни за престојниот период од пролет-лето-есен. Согласно законските прописи во РМ промената треба да се изврши после 15-ти Март. Како што се зголемуваат температурите по оваа дата така и Вие треба да си го закажете Вашиот термин за промена на гумите Зимските пневматици што сте ги возеле во изминатиот период како што сме ве информирале при продажбата не се препорачуваат да се возат на температура поголема од 8° пред се поради сигурност при возењето и не нарушување на стабилноста на возилото. При замената на зимските со летните пневматици пред се треба внимателно да се проверат во каква состојба се летните пневматици со мерење на длабината на шарата за да се констатира дека истите се безбедни за сообраќај т.е да имаат длабина на нагазниот слој од минимални 4мм за патнички и 6мм за џиповски возила. Од кога ќе се констатира дека летните се исправни за монтажа истите треба да се балансираат и тоа сите 4 тркала. Неизбалансирани пневматици може да доведат до вибрации на воланот,оштетување на предницата и лагерите и ред други делови на самото подвозје бидејќи небалансираната гума пневматик предизвикува вибрации на целото возило. Еднаш годишно е препорачливо и проверка или центрирање на предниот трап на возилото. Треба да се потенцира дека ваква промена треба да правите само во сервиси опремени со најсофистицирани апарати калибрирани по најнови стандарди каде работат обучени вработени и се нуди врвна и квалитетна услуга Исто така треба да напоменеме дека за вашите зимски пневматици најдобро да си обезбедите хотел за складирање на пневматиците во специјални услови за чување на пневматици. 

Се постави камен-темелник на новиот салон на Мотоцентар во Прилеп

20.01.2014 12:06:41

Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески денеска присуствуваше на пригодната свеченост на поставувањето на камен-темелникот на новиот продажно-сервисен салон на реномираната фирма Мотоцентар. Имено ова ќе биде шести по ред објект на Мотоцентар кој е еден од водечките увозници и дистрибутери на гуми во Македонија. Овој продажно-сервисен салон ќе се гради на површина од 700 квадратни метри а ќе биде опремен со најсовремени машини од програмата на италијанскиот производител Juilijano за монтажа, демонтажа и балансирање на пневматици, продажен салон и кафетерија за клиенти. Воедно во новиот продажно сервисен центар ќе се нудат и сите вулканизерски услуги за автомобилските возила. Предвидено е оваа инвестиција да чини 700 000 евра, а воедно и да реализира нови дваесетина вработувања. Честитајќи им на сопствениците Градоначалникот Ристески истакна дека овој салон ќе овозможи полесен и поквалитетен пристап до услугите и сервисирањето на автомобилите, а воедно ќе ја дополни убавата слика на самиот влез во Прилеп кој неодамна токму на оваа делница се реновираше.Информацијата е превземена од http://www.prilep.gov.mk

Членовите на Специјалната Олимпијада Македонија на новогодишно дружење со Мотоцентар

15.12.2013 12:05:02

  Членовите на Специјалната Олимпијада Македонија на традиционална средбата со вработените во компанијата Мотоцентар. Во предновогодишна атмосфера на забава и дружење се пофалија и за овогодинешните резултати и постигнувања, како и за плановите за следната, 2014 година. Во рамки на програмата за општествена одговорност, македонскиот компанија Мотоцентар традиционално и оваа година ги пречека членовите на Специјалната Олимпијада Македонија. Преку организација на забавна програма и пригодни новогодишни подароци, атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија денес во просториите на најновиот сервисно - продажен салон на Мотоцентар имаа едночасовно дружење со претставници и вработени од оваа компанија.Покрај забавата и дружењето, претставниците и членовите од Специјалната Олимпијада Македонија ги претставија овогодинешните резултати. Зад себе, во 2013 година, оставија една успешна година во која учествуваа на Светските Зимски Олимписки Игри кои се одржаа во Пјонг Јанг, Кореја. На игрите учествуваа четворица атлети кои се натпреваруваа во Алпски дисициплини и забележаа одличен успех - освоена сребрена медала во скијање на 100 метри за Димче Михајловски. Исто така, кошаркарите од Специјалната Олимпијада Македонија во изминатава година учествуваа на Европскиот Турнир во кошарка во Истанбул, Турција, каде што го освоија одличното четврто место во втората дивизија. Моментално, членовите на Специјалната Олимпијада Македонија активно се подготвуваат за следната година. Планирано е учество на Европските Летни Игри кои ќе се одржат во Белгија, каде што ќе се натпреваруваат во неколку дисциплини, и тоа: пливање, атлетика, пинг понг и бадминтон. “По традиционално одличните успеси забележани во изминатите години, можам да се пофалам и да ја споделам нашата заедничка радост од успесите во оваа, 2013 година. Нашата организација тука нема да застане. Интензивно се подготвуваме за претстојните Европски Летни игри во Белгија, каде повторно ќе се бориме за трофеи. Ја користам оваа прилика, да ги повикам сите надлежни Иинституции, компаниите, медиумите и креаторите на јавното мислење, како и сите наши пријатели активно да се вклучат во подготвителниот период и да ни ја дадат безрезервната поддршка која ни е неопходна и ни дава стимул и енергија. Ја поздравувам компанијата Мотоцентар која е наш повеќе годишен партнер во рамки на нашите активности и функционирање “, потенцираше г-ѓа. Ана Петровска, Национален Директор на Специјална Олимпијада Македонија Скопје, 15.12.2013 година 

Возење по снег

21.11.2013 12:03:37

Имајќи во предвид дека допирната површина на вашиот пневматик е со големина колку и вашата дланка, квалитетниот избор на зимски пневматици е многу важен. За да бидете безбедни кога возите по снег, треба да се придржувате до неколку едноставни правила: • Избегнувајте нагли свртувања • Избегнувајте нагли забрзувања – забрзувањето мора да биде постепено. • Избегнувајте нагло сопирање. • Секогаш одржувајте доволно растојание во однос со возилото кое е пред вас. Сопирање • За да сопрете безбедно мора да знаете да го процените растојанието кое ви е потребно за тоа.• Користете моторно сопирање, со минимално притискање и користење на сопирачката. • Сопирачките користете ги постепено, за да можете да избегнете блокирање на тркалата. • Доколку имате ABS, тоа ќе ви помогне да го спречите овој вид на блокирање, но сепак нема да влијае на подобрување на способноста на сопирање. Единствено можете да ги подобрите перформансите доколку имате зимски пневматици. Движење За да спречите пролизгување кога се движите по снег, секогаш тргнувајте полека и постепено забрзувајте. Доколку заглавите со вашиот автомобил во снег, пробајте да тргнете во втора брзина. 

Задолжителна зимска опрема за возилата од утре до 15. март

15.11.2013 12:01:57

Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место од утре се обврзани да поседуваат зимска опрема, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потсети Министерството за внатрешни работи. Обврската ќе биде во сила до 15. март 2014 година. МОТОЦЕНТАР и МВР ве информираат дека во членот 11 од Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мора да ја поседуваат во своите возила во наведениот период. МОТОЦЕНТАР и МВР апелира возачите да се придржуваат до пропишаните законски обврски. – Согласно со законските одредби, униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. Притоа, граѓаните треба да имаат предвид дека глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од членот 404 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти МВР. 

Зошто зимски пневатици?

15.11.2013 11:59:51

Кога се ставаат зимски пневматици? Зимските пневматици се ставаат во услови кога надворешната температура паѓа под 7 степени . Во Р.Македонија според правилникот за употреба на зимска опрема за возилата што излегуваат надвор од градски средини потребно е да имаат зимска опрема (зимски пневамтици , ланци ) во период од 15ти Ноември до 15ти Март .Ова правило важи и за нашите северни соседи , а поготово за поголемите европски држави како Германија , Франција , Австрија . Зошто зимски гуми?- За разлика од летните зимските пневматици на пониски температури не се укрутуваат (Стврднуваат) со тоа овозможуваат подобар контакт и триење на асфалтот Имајте на ум : Било да на патот има снег, лед ,раскашавен снег или само вода ,во зима пневматиците на возилата слабо се прилагодуваат и имаат значително намалување на вкупните перформанси. Зимските гуми се конструирани така да ја исфрлуваат водата од патот и така се смалува ризикот од аквапланинг .Топлината која настанува при триењето на гумите , подлогата ги топи врвоите на ледените кристали ствара тенок лизгав слој на водата помегу гумите и подлогата. Стините пори кои се наогаат на нагазната површина на зимските гуми конструирани се така да ефикасно ја исфрлуваат водата , со што се обезбедува поголема стабилност на возилата на мокар коловоз. - Нивниот состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го намалува патот на кочењето. Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот и пократок пат на кочење благодарение на подлабоките шари . Според тестовите на лед со летни гуми при брзина од 30км на час патот на кочење изнесува 68м , а со зимски гуми 57м -сосема доволно да се избегне незгода ! Зимските гуми се составени од специјална смеса со додаток на поголема количина на силика која подобро се однесува на ниски температури и овозможува удобно и тивко возење .За разлика од летните гуми ,зимските не се стврднуваат на ниските температури ,важно е да се напомене дека зимските гуми не се користат само на снег и лед туку и на сува површина штом температурата ќе падне под 7 степени . КОРИСТЕТЕ ЛЕТНИ ГУМИ НА ЛЕТО А ЗИМСКИ ГУМИ ВО ЗИМА И ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ 4 летни + 4 зимски гуми ве чинат колку и 4 летни гуми кои ги возите преку цела година .Да имате 4 летни и 4 зимски гуми гуми монтирани на бандажи е многу подобро отколку да користите само летни или само зимски во текот на целата година , затоа што поедноставно е да се заменат а и гумите многу помалку се потрошуваат. За нови гуми тоа што ќе го платите ќе го надокнадите со поминати поголем број на километри , а исто така и ке остварите заштеда на горивото.Ќе се возите побрзо , поудобно и побезбедно , а нема да платите повеќе . Од друга страна ништо не е повредно од вашата лична безбедност . КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ КОИ ВИ ОДГОВАРААТ Зимските гуми не се предвидени само за снег туку и за различни услови кои владеат на патот и тоа : -За возење по снег -За поледица и потполно замрзнат пат -За лапавица -За влажен коловоз -За ладен и потполно сув пат -За многу ниски температури Во склад со условите кои владеат на патото кој го возите одберете зимска гума која вам ви одговара .Најчесто одлучете се да куите пневматици во специјализирани продавници со сервиси каде гарантираат за монтажата и квалитетот на производите.Исто така земете во предвид зимските пневматици да бидат произведени во Европската Унија (т.е со сертификат ЕУ ) и да бидат наменети за користење за оваа страна на хемисферата КАКО ДА ГИ ОДРЖУВАТЕ ЗИМСКИТЕ ГУМИ Зимските гуми се одржуваат како и летните со константи проверки пред подолги релации и барем еднаш месечно на константен притисок во гумите По завршувањето на зимската сезона зимските гуми треба адекватно да се складираат у чуваат до наредната зимска сезона .Можете индивидуално да ги чувате или да се обратите во специјалиризаните сервиси каде постои таква услуга за купувачите . Најбитно е местото да биде затворено темно , суво и ладно далеку од топлотен извор и повремено да се вентилира . СТАВЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА Најдобро е да се стават зимски гуми на сите четири тркала , ако имате ставено зимски гуми на предната осовина истите мораат да бидат ставени и на задната .Во спротивно може да дојде до занесување и склизнување па дури и излетување на возилото во кривина . Од друга страна ако зимските гуми се посатват на задната осовина , препорачливо е да се стават и на предната во спротивно може да се случи при вртење возилото да го изгуби контактот со патот и да продолжи право.