MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

Задолжителна зимска опрема за возилата од утре до 15. март

15.11.2013 12:01:57

Моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место од утре се обврзани да поседуваат зимска опрема, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, потсети Министерството за внатрешни работи. Обврската ќе биде во сила до 15. март 2014 година. МОТОЦЕНТАР и МВР ве информираат дека во членот 11 од Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи“ прецизно е наведена зимската опрема по категоризација на возила, што возачите мора да ја поседуваат во своите возила во наведениот период. МОТОЦЕНТАР и МВР апелира возачите да се придржуваат до пропишаните законски обврски. – Согласно со законските одредби, униформираните полициски службеници може да наредат возачот да го прекине натамошното движење и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на возилото зимската опрема. Притоа, граѓаните треба да имаат предвид дека глоба во износ од 15 евра во денарска противвредност, во мандатна постапка, ќе му се изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбата од членот 404 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти МВР. 

Зошто зимски пневатици?

15.11.2013 11:59:51

Кога се ставаат зимски пневматици? Зимските пневматици се ставаат во услови кога надворешната температура паѓа под 7 степени . Во Р.Македонија според правилникот за употреба на зимска опрема за возилата што излегуваат надвор од градски средини потребно е да имаат зимска опрема (зимски пневамтици , ланци ) во период од 15ти Ноември до 15ти Март .Ова правило важи и за нашите северни соседи , а поготово за поголемите европски држави како Германија , Франција , Австрија . Зошто зимски гуми?- За разлика од летните зимските пневматици на пониски температури не се укрутуваат (Стврднуваат) со тоа овозможуваат подобар контакт и триење на асфалтот Имајте на ум : Било да на патот има снег, лед ,раскашавен снег или само вода ,во зима пневматиците на возилата слабо се прилагодуваат и имаат значително намалување на вкупните перформанси. Зимските гуми се конструирани така да ја исфрлуваат водата од патот и така се смалува ризикот од аквапланинг .Топлината која настанува при триењето на гумите , подлогата ги топи врвоите на ледените кристали ствара тенок лизгав слој на водата помегу гумите и подлогата. Стините пори кои се наогаат на нагазната површина на зимските гуми конструирани се така да ефикасно ја исфрлуваат водата , со што се обезбедува поголема стабилност на возилата на мокар коловоз. - Нивниот состав ја подобрува ефикасноста на сопирањето и го намалува патот на кочењето. Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот и пократок пат на кочење благодарение на подлабоките шари . Според тестовите на лед со летни гуми при брзина од 30км на час патот на кочење изнесува 68м , а со зимски гуми 57м -сосема доволно да се избегне незгода ! Зимските гуми се составени од специјална смеса со додаток на поголема количина на силика која подобро се однесува на ниски температури и овозможува удобно и тивко возење .За разлика од летните гуми ,зимските не се стврднуваат на ниските температури ,важно е да се напомене дека зимските гуми не се користат само на снег и лед туку и на сува површина штом температурата ќе падне под 7 степени . КОРИСТЕТЕ ЛЕТНИ ГУМИ НА ЛЕТО А ЗИМСКИ ГУМИ ВО ЗИМА И ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ 4 летни + 4 зимски гуми ве чинат колку и 4 летни гуми кои ги возите преку цела година .Да имате 4 летни и 4 зимски гуми гуми монтирани на бандажи е многу подобро отколку да користите само летни или само зимски во текот на целата година , затоа што поедноставно е да се заменат а и гумите многу помалку се потрошуваат. За нови гуми тоа што ќе го платите ќе го надокнадите со поминати поголем број на километри , а исто така и ке остварите заштеда на горивото.Ќе се возите побрзо , поудобно и побезбедно , а нема да платите повеќе . Од друга страна ништо не е повредно од вашата лична безбедност . КАКО ДА ОДБЕРЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ КОИ ВИ ОДГОВАРААТ Зимските гуми не се предвидени само за снег туку и за различни услови кои владеат на патот и тоа : -За возење по снег -За поледица и потполно замрзнат пат -За лапавица -За влажен коловоз -За ладен и потполно сув пат -За многу ниски температури Во склад со условите кои владеат на патото кој го возите одберете зимска гума која вам ви одговара .Најчесто одлучете се да куите пневматици во специјализирани продавници со сервиси каде гарантираат за монтажата и квалитетот на производите.Исто така земете во предвид зимските пневматици да бидат произведени во Европската Унија (т.е со сертификат ЕУ ) и да бидат наменети за користење за оваа страна на хемисферата КАКО ДА ГИ ОДРЖУВАТЕ ЗИМСКИТЕ ГУМИ Зимските гуми се одржуваат како и летните со константи проверки пред подолги релации и барем еднаш месечно на константен притисок во гумите По завршувањето на зимската сезона зимските гуми треба адекватно да се складираат у чуваат до наредната зимска сезона .Можете индивидуално да ги чувате или да се обратите во специјалиризаните сервиси каде постои таква услуга за купувачите . Најбитно е местото да биде затворено темно , суво и ладно далеку од топлотен извор и повремено да се вентилира . СТАВЕТЕ ЗИМСКИ ГУМИ НА СИТЕ ЧЕТИРИ ТРКАЛА Најдобро е да се стават зимски гуми на сите четири тркала , ако имате ставено зимски гуми на предната осовина истите мораат да бидат ставени и на задната .Во спротивно може да дојде до занесување и склизнување па дури и излетување на возилото во кривина . Од друга страна ако зимските гуми се посатват на задната осовина , препорачливо е да се стават и на предната во спротивно може да се случи при вртење возилото да го изгуби контактот со патот и да продолжи право. 

Одам на одмор. Што се ни е потребно за патување

29.07.2013 11:59:04

На повеќето луѓе избор за летнен одмор им е езеро, море, секако за некој вистински одмор преставува и посета на некоја планина каде на свежиот воздух и мирот го добиваат спокојството што им е потребно. Без разлика каде и да одите на одмор, дали до најблиското езеро, или на некоја планина, треба да имате на ум дека за добар и релаксиран одмор, потребани ви се добро расположение, очила за сонце, добра книга, млеко за тело со заштитен фактор и секако вашите документи за патување. Без разлика дали патувате сами, со друштво или со семејството, една од работите која што ја планирате додека го организирате вашиот одмор е и превозот до вашата локација. А секако задолжително проверка на вашите гуми, и се разбира во Мотоцентар, кој неодамна го отвори и својот нов петти продажно-сервисен салон, на кружниот тек кај скопска Цементарница. Мотоцентар постои веќе 19 години на македонскиот пазар, со основна цел - укажување на сите корисници за правилниот избор на пневматици кои се основата на сигурноста и комфорот при управување на секое возило.

Атракција на песок 2013: Седми Бичволеј во Охрид

24.07.2013 11:58:10

 Од 24 до 28 јули ќе се одржи традиционалното отворено првенство во одбојка на песок, Beachvolleyball Ohrid 2013, на плажата Бафало во Охрид. И оваа година првенството го задржува својот меѓународен карактер, па покрај домашните одбојкари и одбојкарки, во Охрид се очекува настап на натпреварувачи од Србија, Бугарија и Косово. Минатата година шампионските пехари ги освоија екипи од Косово. Кај мажите, Валон Никчи и Газменд Хусај беа подобри од браќата Дејан и Јовица Симовски, додека кај жените, Ибраими и Јашари ги победија Сандра Георгиевска и Власта Ружиновска. Покрај професионалниот турнир кој ќе се одржи од 26-28 јули, на терените на Бафало во Охрид ќе можат да учествуваат и рекреативците, компаниите и одбојкарските надежи. Програмата на Beachvolleyball Ohrid 2013, покрај спортскиот натпреварувачки дел, како и секогаш, ќе биде надополнета со многу забава, музика и интересни настани организирани од спонзорите и партнерите на првенството, како и од присуството и учеството на јавните личности на најатрактивниот летен настан во Македонија. За учесниците покрај медалите и пехарите, се предвидени и парични и стокови награди. Пријавувањето за сите категории е во тек и може да се направи преку официјалната веб страница www.beachvolleyball.com.mk.

БИБЕНДУМ – ЧОВЕКОТ ГУМА ( МИШЕЛИН)

01.07.2013 11:55:02

Бибендум или најдобро познат низ целиот свет како Мichelin man, е симбол на компанијата за гуми Мишелин и еден од најстарите заштитни знаци во светот. Слоганот Nunc est bibendum (Сега е време да се пие ) е земен од Одите на Хорацие. Исто така е познат како Биб или Бибелобис.Приказната датира уште во далечната 1894 година кога Едoард и Андре Мишелин приуствувале на Универзален саем во Лион  и забележале гуми наредени една врз друга кои на Едоард му наликувале на човек без раце. Четри години подоцна  Андре  во средба со француски карикатурист О'Galop  кој му покажал одбиена слика направена за Минхенската пиварница, човек кој држи голема чаша пиво цитирајќи ја фразата на Хорацие. Андре веднаш предложил фигурата на човекот да биде од гуми во која подоцна О' Galop ја трансформира во сегашниот симбол на Мишелин.  Низ годините слоганот на Мишелин варира како на пример : „ Сега мора да се пие „ се мисли Мишелин гумите ги пие сите пречки , поминува со леснотија. Името на Бибендумот ( Мишелин ) навлезе во општа употреба на јазикот во светски рамки  како опис на некој што има дебел појас околу стомакот како гума , во Шпанија пак Мишелин  е збор за резервна гума.Низ годините Бибендумот го менуваше и својот изглед од првичното лого на О'galop со тенки слоеви гуми,  наочари и со цигара во уста во 1980те години Бибендумот беше прикажан како трча,  а веќе во 1998 на неговата 100 годишнина прикажан е и ослабен.  

ЕВРОПСКИ НАЛЕПНИЦИ ЗА ГУМИ

15.06.2013 11:52:51

Новиот европски закон за сите пневматици кои што се продаваат во Европа пропишува нови налепници кои мораат да се лепат на пневматицте .Налепницата ги содржи перформансите на пневматикот .На прв поглед ке може да се оцени пневматикот во смисла на потрошувачка на гориво , кочење на влажно тло и бучност на пневматикот . Новиот закон за пневматици има 3 цели : Подобрување на безбедноста на патиштата , намалување на потрошувачата на гориво и намалување на бучноста во сообраќајот . Водич за новата налепница : 1.Како да ја измерите потрошувачата на гориво ?  Кога вашите пневматици се тријат од улицата постои одреден отпор кој влијае на потрошувачката на гориво .Со други зборови отпорот на триење е енергија која вашите пневматици ја губат на измината одредена далечина . ТЕСТ: Пневматикот се тестира на ротирачка површина во стандардни околности кои ја преставуваат просечната употреба .Тестот симулира возење со брзина од 80км/час со оптеретување кое одговара на 80% индекс на оптеретување на пневматикот . 2.Како да го измерите кочењето на влажно тло ?  Овој тест се изведува со возилото под стандардни услови кои ги пропишува законот конкретно тоа се температурата видот на површина на улицата , длабочина на вода и брзина . Условите на тестот во склад со Европските прописи се : Зимски пневматици тестирани при температури измегу 2 и 20 степени Летни пневматици тестирани при температури измегу 5 и 35 степени Длабочина на вода измегу 0.5 и 1.5 мм Кочење се изведува со 4 пневматици со ABS и брзини измегу 20 и 80 км/час Како тестира Мишелин Избравме повеке услови и направивме тестови кои одговараат на Европските прописи . Мишелин ги спроведува своите тестови за кочење на влажни улици и најчестите отежнати услови при возење на кои се изложени европските возачи со цел нашите производи да одговараат на потребите на сите купувачи на Мишелин пневматиците . -Отприлика 20 степени за летни пневматици за автомобили и комбиња -Отприлика 7 степени за зимски пневматици за автомобили и комбиња -Измегу 7 и 25 степени за пневматици кои се користат за тешки услови и употреба и се користат и во лето и во зима . 3.Како да ја измерите надворешната бучност на пневматикот Бучноста на пневматикот се мери со децибели , ТEСТ: На раб од улицата се става микрофон за мерење на звучен бран за време на поминувањето на возилото со брзина од 80км/час . Означувањето е добар почеток , но и 3 фактори се еднакво важни : 1.Долготрајноста на пневматикот – Квалитетен пневматик може да ви овозможи повеќе од 1 година возење и помалку да ве чини во споредба со други пневматици . 2. Држење на гумата во кривина – 25% од несреќите се случуваат во кривини 3. Суви патишта – 70% од несреќите се случуваат на суви патишта Мишелин преку 120 години со своите инжињери развива и усовршува пневматици кои ги имаат овие фактори како и перформансите кои се наведени на новите европски налепници . Со Мишелин може да уживате во оптимална рамнотежа и сигурност без компромис .ис .