MOTOCENTAR - Прв избор за гуми

CARclub.mk и Мотоцентар Викенд Опуштање!

24.06.2012 11:47:07

CARclub.mk заедно со Motocentar ве покануваат на осмиот собир на вљубениците во автомобилите и автомобилизмот, нивните пријатели и сите оние кои немаат планови за недела попладне.   место: паркингот на Мотоцентар - Визбегово  ден: 24.06.2012 (недела) час: 18:00   Со своето присуство ќе не почестат некои од Македонските импортери на возила а на настанот ќе има промоции, попусти и можност за тест возење на некои од автомобилите на пријателите на порталот и форумот. За доброто расположение ќе се погрижи DJ Gameover. Подготвуваме неколку изненадувања и подароци за присутните. Дојдете со својот миленик на четири тркала, запознајте ги членовите на CARclub.mk, ветуваме добра забава на отворено со многу интересни автомобили, многу дружење и одлична атмосфера! Слики од минатиот пат:  http://www.carclub.mk/2012/05/09/odrzan-golem-sobir-na-carclub/

Нов продажно-сервисен центар

11.04.2012 11:44:32

Со цел да се доближиме до сите наши клиенти, продолжуваме со отварање на сервисно-продажни центри низ Скопје и низ републиката. На 11ти Април почнува со работа четвртиот по ред сервисен центар на ул. Ванчо Мицков бр.2 во насебла Нерези во Скопје каде клиентите на исто место ќе можат да изберат адекватни пневматици за нивните возила со помош на нашите стручни лица, и истите бесплатно да им бидат монтирани и балансирани со машини со најнови технички достигнувања. И овој продажен центар ги задоволува високите стандарди на квалитет на услуга и квалитет и производи, како ISO 9001-2008 и Мишелин сертификати, по кои сме добро познати. Во новиот сервисно-продажен центар ќе се продаваат пневматици за патнички, пик-ап и комби возила од брендовите за кои сме застапници: Michelin, Continental, Bridgestone, Nokian, Firestone, Semperit, Sportiva и Dayton. За повеќе информации побарајте нѐ на: Тел. 02/ 3080009 Моб. 071 222 048 www.motocentar.com.mk