Во Мотоцентар веруваат дека силата на секоја успешна компанија лежи во нејзините вработени – визионери, лидери и тимски играчи кои секојдневно создаваат вредност. Компанијата континуирано инвестира во раст и развој на своите вработени преку различни обуки, лидерски програми и активности што поттикнуваат култура на учење и напредување.
Октомври во Мотоцентар е месец посветен на учење и развој. Во рамките на оваа иницијатива, компанијата започна со Лидерска програма поделена во неколку модули, создадена со цел да ги поддржи лидерите во развивање на клучни вештини како што се комуникација, менторство, донесување одлуки, управување со промени и градење тимска доверба.
Преку комбинација од интерактивни сесии, реални бизнис предизвици и менторска поддршка, лидерите во Мотоцентар учат како да водат со визија, инспирација и интегритет. Првиот модул ја обработи темата на емоционална интелигенција и лидерство, а компанијата најавува дека ова е само почеток на долгорочен процес на развој.
„Вложувањето во развојот на луѓето не е еднократен проект, туку континуиран процес кој го негуваме со внимание и посветеност,“ велат од компанијата. „Секој вработен има потенцијал да расте и да придонесе – затоа создаваме можности за учење, размена на знаење и професионален напредок.“
Со овој пристап, Мотоцентар ја гради својата иднина како организација која учи, се развива и расте заедно со своите луѓе. Целта е јасна – да се создаде работна средина во која талентите се препознаваат, идеите се поттикнуваат, а лидерството се гради на вредности, доверба и визија.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
CASHBACK
3D Tour
Локација на мапа





