Новости

Мотоцентар ја доби наградата за Најдобра Employer Branding кампања во рамки на настанот „Работодавач на годината“

Во организација на Вработување.ком, на 16.04.2025 г. во Хотел Лимак се одржа настанот „Работодавач на годината“, на кој беа прогласени најпосакуваните компании за вработување во 2024 година. Во рамки на истиот настан беше и доделена награда за најдобра Employer Branding кампања.

Пред над 300 присутни гости – HR професионалци, менаџери и лидери на најголемите компании – беа прогласени најпосакуваните компании за вработување.

На свечениот настан „Работодавач на годината“, компанијата Мотоцентар беше одликувана со наградата за Најдобра Employer Branding кампања.

Ова признание е резултат на доследната стратегија на Мотоцентар за градење препознатлив работодавачки идентитет, заснован врз вредности како што се транспарентност, доверба, поддршка и личен развој. Кампањата која ја реализираше компанијата претставуваше исклучително добро балансиран спој на креативна комуникација, реални приказни од вработените и јасна порака за тоа што значи да се биде дел од нивниот тим.

Преку Employer Branding кампањата, Мотоцентар успеа да го зајакне сопствениот имиџ како посакуван работодавач, истовремено позиционирајќи се како пример за одговорна и стратешка грижа за човечкиот капитал. Кампањата не само што ги поттикна вработените на гордост и ангажираност, туку остави впечаток и кај пошироката јавност, особено кај младите професионалци кои бараат инспиративно и стабилно работно опкружување.

Оваа награда уште еднаш ја потврдува улогата на Employer Branding-от како клучен елемент во современото управување со таленти и корпоративната репутација. Мотоцентар е доказ дека вложувањето во луѓето секогаш носи вредност – и за компанијата, и за општеството.