Новости

Новогодишно дружење на “Мотоцентар“ со Атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија

Скопје, 15 декември 2019 година – Во рамки на програмата за социјално – одговорни активности, Компанијата “Мотоцентар“ традиционално, во екот на новогодишните празници организира предновогодишно дружење со членовите на Специјалната Олимпијада Македонија. Во тој празничен дух се одржа и овогодишната средба на која присуствуваа Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија, најдобриот македонски тркач со спортски автомобили – Игор Стефановски – Иџе.

Ретроспектива на убавите моменти, споделување на спортските успеси и одбележување на долгогодишната поддршка и соработка беа дел од едночасовната забавна програма која вработените во “Мотоцентар“ ја подготвија за предновогодишната средба со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија. “За нас, како Компанија, овие моменти претставуваат вистинско опуштање во секојдневното динамично темпо на живеење и навистина сме среќни што ги поддржуваме и соработуваме со Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија.

 

Нивните успеси се и наши и ќе продолжиме да ги бодриме…“, изјави Моника Бошкоска, Маркетинг Директор на Компанијата. “Навистина ми е драго што имаме вакви пријатели и поддржувачи како “Мотоцентар“ и верувам дека заедно чекориме и ќе продолжиме да чекориме полесно кон врвот. Атлетите од Специјалната Олимпијада Македонија се вистинска инспирација за сите нас – со љубов и упорност успехот е загарантиран, а особено кога имаме поддршка од нашите пријатели“, додаде г-ѓа Ана Зафирова, Претставник на Специјалната Олимпијада Македонија.

Настанот го отвори детскиот хор “Гласот на децата“, а Атлетите се дружеа и разговараа за нивните успеси со бренд амбасадорот на “Мотоцентар“, Игор Стефановски – Иџе. За музичката програма се погрижи Александар Тарабунов кој заедно со Атлетите создаде одлична новогодишната атмосфера. Како компанија со традиција, покрај примарната дејност – продажба и третман на пневматици, Мотоцентар дава придонес и за општеството во кое опстојува веќе 25 години. Токму затоа ваквите средби значат навистина многу за целото семејство “Мотоцентар“.