ВОВЕДУВАЊЕ НОВА ЕУ-ОЗНАКА ЗА ПНЕВМАТИЦИ
ЕУ се обврза да ја намали емисијата на гасови со ефект на стаклена градина за да достигне климатска неутралност до 2050 година. Намалувањето на емисиите на CO2 од патниот сообраќај има главна улога во исполнувањето на овие цели.
Изборот на поштедливи пневматици може да придонесе да се намалат емисиите во транспортниот сектор. За да им помогне на потрошувачите во донесувањето одлуки засновани врз информации, ЕУ воведува нова шема на означување на пневматиците што ќе стапи во сила на 1 мај 2021 година.
ЕУ-ознаката за пневматици ќе им овозможи на потрошувачите во ЕУ да избираат поштедливи пневматици, што може да доведе до големи заштеди, како за крајните корисници, така и за комерцијалните корисници од аспект на трошоците и на емисиите. Безбедноста на патиштата е подобрена преку подобро прилегнување на влажни патишта, а информациите за нивото на бучава помагаат во намалувањето на загадувањето со бучава поврзано со сообраќајот.
ШТО Е НОВО ЗА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ И ПОТРОШУВАЧИ?
- Според новата Регулатива, ќе бидат опфатени и пневматици за автобуси и за камиони (класа пневматици С1, С2, С3).
- Освен стандардната ознака, постојат и опции за вклучување на икони што се однесуваат на тешки снежни услови (3PMSF) и/или на прилегнување во услови на мраз (само за пневматиците С1).
- Класи бучава: АВС ги заменуваат звучните бранови.
- Рекласификација на пониски класи на ознаки:
D е ново E; Класата D не е повеќе празна (само за пневматици C1 и C2); F и G се спојуваат и формираат E. - Кодот за брз одговор (QR) за секој идентификатор на тип пневматици со линк до базата на податоци за ЕУ-производи (EPREL).
На новата ознака класите од А до С остануваат непроменети. За пневматиците C1 и C2, за автомобили, односно за ванови, пневматиците што претходно биле во класата Е за отпорност при тркалање и прилегнување на влажни патишта сега ќе бидат доделени во класата D, која претходно била празна, а пневматиците што претходно биле во класите F и G ќе бидат доделени во класата E. На овој начин ознаката е појасна и полесно се толкува.
Натамошни информации за секој пневматик потрошувачите може да преземат со скенирање на кодот QR што се појавува во горниот десен агол од ознаката на пневматикот. Кодот QR дава врска со базата на податоци на Европскиот регистар на производи за енергетско означување (EPREL), која содржи информативен лист за производот. Во неа се содржани сите вредности на ознаката за конкретниот пневматик, како и почеток и крај на производството за соодветниот модел. Сите листови со информации за производите се внесуваат во базата на податоци EPREL индивидуално од производителот на пневматиците и, како и во минатото, доделувањето на соодветна класа ознаки, исто така, го врши соодветниот производител.
Новата ознака на ЕУ за пневматици е дизајнирана да им помогне на потрошувачите да изберат поефикасни пневматици од аспект на горивото, а истовремено добиваат информации и за растојанијата за сопирање. За крајните корисници, како и за комерцијалните оператори, изборот на пневматици со помала отпорност на тркалање може да доведе до значителни заштеди во однос на трошоците за гориво, како и пониски емисии. Јасните информации за прилегнување на влажни патишта може да овозможат поголема безбедност во сообраќајот, а информациите за бучавата при поминување имаат цел да го намалат загадувањето со бучава што го создава патниот сообраќај.
Continental, како експерт за пневматици, исто така, им помага на комерцијалните партнери на пазарот да го добијат најдобриот можен увид во светот на пневматиците. Со споделувањето не само на информации туку и на know-how и експертиза, компанијата базирана врз технологијата со седиште во Германија, најпозната по своите премиум пневматици, е сигурен партнер на пазарот. За новата ЕУ-ознака за пневматици компанијата, меѓу другото, изработила и наменска рекламна страница со сите дополнителни информации.