
Повеќе од 31 година традиција и квалитет
Професионална Mонтажа и Балансирање во Мотоцентар
Монтажата на гуми претставува прецизно поставување на пневматикот на фелната, процес кој бара искуство и соодветна опрема. Непрофесионална монтажа може да предизвика оштетување на гумата и намалување на нејзиниот век на траење.
Балансирањето е клучен процес за правилна распределба на тежината на тркалото. Небалансирани тркала можат да предизвикаат вибрации и нестабилност уште од 70 km/h, како и нерамномерно трошење на гумите.
Во Мотоцентар, услугата ја изведува обучен тим со најсовремена опрема за монтажа и балансирање.
При купување гуми, добивате 30% попуст на услугата за монтажа и балансирање.
Поправка на Гуми
Поправката зависи од видот и степенот на оштетувањето. Доколку оштетувањето е безбедно за санирање, се врши професионална интервенција со специјализирана вулканизерска опрема.
Доколку оштетувањето е поголемо и небезбедно, препорачуваме замена со нов пневматик – затоа што безбедноста е на прво место.
Во нашите продажно-сервисни центри користиме материјали и лепенки од светски реномираниот производител TIPTOP, што гарантира сигурност и долготрајност на поправката.
Проверка на Состојба на Гуми
Редовната проверка на притисокот, длабочината на шарата и визуелната состојба е клучна за безбедно и стабилно возење. Неправилниот притисок и нерамномерното трошење влијаат на контролата и потрошувачката на гориво.
Во рамки на услугата вршиме и ротација на гуми (предни ↔ задни) за рамномерно абење и продолжен век на траење.
Нашиот тим ќе направи стручна проценка и ќе ви даде препорака – дали е потребна ротација, поправка или замена.
Сакате безбедност на патот?
CASHBACK
3D Tour
Локација на мапа










