Мотоцентар Ви нуди и услуга чување на летно/зимските гумиСите се соочуваме со недостаток на простор каде би ги чувале работите кои не ги користиме секојдневно. Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.

Заштедете простор и чувајте ги гумите на сигурно место

Заштедување на простор. Доколку и Вие припаѓате на онаа група на луѓе кои немаат гаража или подрум , тогаш оваа услуга е идеална за Вас. Гумите се чуваат на специјални полици, заштитени од сончева светлина, влага и штетни хемикалии.

Осигурани

Во Мотоцентар сите гуми се осигурани од кражба и пожар. Не мора да се грижите дали Вашите гуми ќе ги најдете на местото каде сте ги оставиле.

До новата сезона

Пред да се складираат, гумите се чистат од кал и камчиња. Мотоцентар ја презема целата грижа за Вашите гуми. Гумете ќе Ве пречекаат спремни за новата сезона.

Прием и евидентирање на гумите

Откако ќе се примат гумите, се внесуваат следните податоци за истите:

  • Производител и модел на гумите
  • Дата на производство на гумите
  • Идентификационен број кој е единствен за секоја гума
  • Длабочина на шара

Со цел да се продолжи животниот век на гумите се чуваат во посебно опремен простор.

При складирање, гумите се чистат од кал и камчиња. Потоа се редат на специјални полици, заштитени од сончева светлина, влага и штетни хемикалии ( бензин, масло, …) кои може да предизвикаат несакана реакција врз гумата.

Сите гуми се осигурани од пожар или кражба

Да се има преку 10.000 гуми на чување претставува голема одговорност, па поради тоа сите гуми се осигурани кај осигурителната компанија Триглав Осигурување АД Скопје.

Резервирај термин