Историјат на Мотоцентар

Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето, во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 150 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.

Разновидната палета на брендови ни овозможува да привлечеме различни профили на купувачи, од оние кои се ориентираат исклучиво според цена, до оние кои бараат врвен квалитет.

Како застапници на еден од водечките брендови за вулканизерско-сервисна опрема Џулијано од Италија, ги инсталиравме нивните најсовремени машини за монтажа и демонтажа на пневматици во нашите сервисно – продажни салони.

Горди сме со сите свои центри, меѓу кои еден во Скопје, лоциран на булевар “Србија“ 10 (кај скопска Цементарница), каде што покрај салонот за гуми, работи и сервис кој е модерно и богато опремениот со машини, апарати и алати за третман на пневматиците, центрирање преден трап и брз сервис за сите типови патнички моторни возила. Со цел да им понудиме поголема вредност на крајните потрошувачи, на територијата на Град Скопје имаме сопствени продажно-сервисни центри и салони лоцирани на: “Момин Поток“ б.б. (Качанички пат) каде можат да се третираат автомобили, полутоварни и товарни возила; во населба Маџари, на улица “Перо Наков“ б.б. (за товарни возила и протектирани гуми); во населба Нерези (спроти фабриката “Реплек“).

Мотоцентар веќе со години гради дистрибутерска мрежа на високо квалификувани дилери низ цела Македонија, а нашите производи се присутни на пазарот низ целата земја.

Во јануари 2015 го отворивме најновиот центар во Прилеп (на влезот во градот), а по само неколку години во 2017, отворивме и уште еден целосно нов продажно-сервисен центар во Штип (во Идустриската Зона Македонка). Најново, во март 2020 година отворивме уште два нови продажно-сервисни центри во Куманово (с.Доброшане) и Битола (на ул.Краварски пат бб, на патот за Грција). Со тоа најголемата продажно-сервисна мрежа на Мотоцентар брои 8 сопствени центри во 5 градови ширум Македонија.

Во текот на нашето повеќегодишно работење нашиот стремеж бил и ќе биде да изградиме долгорочни и одржливи односи со нашите купувачи преку разновидни иновации, производи и услуги, се со цел да прераснеме во еден од поголемите центри за пневматици во регионот.

Со почит,
МОТОЦЕНТАР – Прв Избор за Гуми