Кога деловите на пневматиците и тркалата функционираат врамнотежено, велиме дека возилото е правилно центрирано. Центрирањето на трап е потребно за да се овозможи еднакво и изедначено трошење на нагазната површина, како и прецизност во управувањето со возилото. Доколку оваа рамнотежа е нарушена, возилото не функционира како што треба, а тоа по автоматизам се пренесува и на пневматиците.

Всушност, нерамномерното абење на предните и задните пневматици и нерамнотежата на возилото (занесување на една страна), укажува на неправилно центриран трап на возилото. Во некои ситуации е потребно да се центрира само предниот трап, но во повеќето случаи се центрираат сите четири тркала, зависно од типот на возилото