Квалитетот на производите и услугите го достигнуваме со Систем за управување со квалитет.

За реализирање на својата основна цел, компанијата Мотоцентар првенствено се фокусира на задоволството на своите клиенти преку почитување на следните принципи:

  • Комплетно исполнување и надминување на барањата и очекувањата на клиентите со примена на најдобри пракси во сервисирање и производство на патнички и товарни пневматици.
  • Професионален однос со своите клиенти како и исполнување на договорените рокови.
  • Континуирано подигнување на нивото на знаење, способност и вештини за зголемување на компетентноста за извршување на сите работи и задачи во процесот на производство и другите работни процеси, посебно оние кои влијаат на квалитетот на производите и услугите.
  • Почитување на законските прописи и барањата од страна на локалната управа и државата.
  • Постојано усовршување на процесите со современа опрема.
  • Високо ниво на професионален однос со добавувачите и со другите заинтересирани страни.
  • Благовремено и адекватно планирање на сите активности.
  • Обезбедување на здрава работна средина и обуки за поттикнување на свеста на вработените за квалитетно работење.
  • Целосно документирани процеси на работа со постојано идентификување и отстранување на неусогласеностите од страна на вработените.
  • Од 2009 година сите салони на Мотоцентар во Скопје поседуваат Michelin сертификати.
  • Воспоставен и постојано подобруван систем за управување со квалитет во согласност со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и негово преиспитување на ефикасноста и ефективноста.
  • Политика за квалитет е основа за дефинирање и преиспитување на целите за квалитет согласно барањата на ИСО 9001:2008.
  • Грижа за животната средина преку енергетска ефикасност на објектите, управување на отпадите, уредност на работната средина