
Закажи, дојди, заврши – сѐ за 20 минути
Брз Сервис во Мотоцентар
Во Motocentar знаеме дека времето ви е важен ресурс. Затоа го воведовме Брзиот Сервис – практично решение за редовна грижа на вашето возило без долг процес, без чекање и без непотребни трошоци. Без разлика дали се подготвувате за патување или едноставно сакате брза проверка, нашиот тим ќе се погрижи за сѐ – ефикасно, прецизно и со проверен квалитет.
Што опфаќа Брзиот Сервис?
- Проверка и промена на моторно масло
(со премиум ROWE моторни масла – Made in Germany) - Проверка и дополнување на течности
(кочници, волан, ладење) - Контрола на акумулатор и напон
- Визуелна проверка на сопирачки и суспензија
- Проверка на светлосна сигнализација и сијалици
- Проверка на филтри (кабински, воздушен)
- Центрирање на трап (по потреба)
- Основна компјутерска дијагностика (ECU скенирање)
- Советување и препорака за дополнителни сервиси
Сѐ во рок од 20–30 минути
Јасна проценка пред секоја дополнителна интервенција
ROWE моторно масло – германски квалитет
Во рамките на брзиот сервис користиме ROWE моторни масла, германски бренд кој нуди:
- Висока термичка стабилност и заштита на моторот
- OEM одобренија од BMW, Mercedes, VW, Porsche
- Помала потрошувачка и продолжен век на моторот
- Прецизно подмачкување дури и при екстремни услови
Со ROWE, секоја промена на масло е инвестиција во перформансите и сигурноста на вашиот автомобил.
Брзиот сервис е достапен во:
- Скопје (само во салоните во Кисела Вода, Визбегово и Илинден)
- Битола, Прилеп, Куманово, Штип
Закажи термин онлајн – брзо и лесно
Напомена:
Овој сервис не вклучува полнење и сервис на клима уред со фреон. За климатизација, посетете ја посебната страница за проверка на авто клима.