Прв избор за премиум гуми и сервисни услуги East Gate Mall, Скопје, ниво -1 и -2.

Најновиот продажно-сервисен салон на Мотоцентар

Одберете премиум и ексклузивни сервисни услуги

Aктуелни специјални промоции

“Мотоцентар Галерија” е распространета на вкупно 400 м2, на две нивоа. Составена е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон, “Мотоцентар Галерија“ овозможува понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила.
Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите “Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на “Мотоцентар Галерија“ се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар. Една од нив е машината за дијагностика на пневматиците со која се врши проверка на пневматикот за статусот на неговата искористеност (изабеност), со прецизност од највисок степен. Дополнителна новина се и машините за внатрешно чистење на фелни. Со имплементација на најновите технолошки решенија од оваа област, “Мотоцентар Галерија“ ги доближува светските трендови до нашите корисници, водејќи грижа за нивната безбедност и истовремено поставувајќи нови стандарди на домашниот пазар и пошироко, во Регионот.

Локација на Google Maps

Сите ентузијасти, љубители на автомобили и оние кои грижливо и посветено ги одржуваат своите возила, може да ја посетат “Мотоцентар Галерија“ во “Скопје Ист Гејт“, секој ден освен недела, во период од 10.00 часот до 18.00 часот.

КОНТАКТ

Адреса: Ул. Беласица Бр. 2, East Gate Mall, Скопје

Телефон: 02 3174 795

Мобилен: 071 222 048

Email: gjurisa.mrsik@motocentar.com.mk | aleksandra.avramovic@motocentar.com.mk