Пневматиците за камиони и автобуси, се специјално конструирани пневматици за да можат да носат и превезуваат поголеми товари и повеќе патници од автомобилите и комбињата.
Согласно примената разликуваме пневматици за употреба:
- На автопат(HIGHWAY)
- Регионален пат(REGIONAL)
- На улиците и булеварите во градовите(URBAN)
- Во комбинирани услови на градилиштата и на патиштата(CONSTRUCTION)
Правилниот избор на пневматици според потребата на превозот и патиштата на кој истиот се врши, е значаен за заштеда на гориво и поголем број на поминати километри, како и квалитетно и навремно превезени товари.Кај автобусите, покрај заштеда на гориво и поголем број на поминати километри, со правилниот избор на пневматици се овоможува безбеден и комфорнен превоз на патниците.