Возете безбедно и безгрижно со Мотоцентар Плус Гаранцијата за гуми
МОТОЦЕНТАР Гаранцијата + се однесува ексклузивно за пневматиците купени во салоните на МОТОЦЕНТАР ДОО. Тој е нов производ и е наменет за нашите крајни потрошувачи и купувачи, физички лица и компaнии.
МОТОЦЕНТАР со својата гаранција ги покрива пневматиците од механички оштетувања и комплетно уништување. Гаранцијата исто така вклучува комплетно вулканизирање и поправка на оштетените, како и замена на истите, со гума од истиот модел и димензија, доколку поправката не е возможна.
Мотоцентар Гаранцијата + се однесува на 4 (четири) купени нови пневматици и има времетраење од 12 месеци од датумот на купување на производот.
Достапност на гаранцијата: 6 дена во неделата (понеделник-сабота)
Територија на Покриеност: Македонија
Сума на гаранцијата: До 200 евра по гума или вкупната сума за 4 гуми не смее да изнесува повеќе од 800 евра.
Место на пријава на рекламацијата: Сите продажно сервисни центри на МОТОЦЕНТАР ДОО Скопје.
УСЛОВИ НА ГАРАНЦИЈАТА
Во кој случај се активира гаранцијата: Доколку оштетувањето на гумата е механичко, а причината е остри ивици од коловозот, од скршено стакло на патот, од шајки или од други остри предмети, МОТОЦЕНТАР Ви овозможува бесплатна поправка или замена на оштетената гума, со нова гума.
Доколку стручните лица во МОТОЦЕНТАР заклучат дека оштетената гума може да се вулканизира и да се поправи и да по поправката истата може непречено да се вози, МОТОЦЕНТАР нема обврска да ја замени оштетената гума со нова гума
Во кој случај не се активира Гаранцијата: Во случај на кражба, вандализам, намерно сечење на гумата со остар предмет, возење на оштетена гума под мал притисок, удар предизвикан од елементарна непогода, како последица од сообраќајна незгода, предизвикан од неправилно подесување на амортизери, или возење на патишта кои се забранети со закон или од страна на органи на власта, или од оштетување кои ќе настанат поради возење надвор од пат/коловоз.
Право на купувачот за надоместок: МОТОЦЕНТАР ги презема трошоците за новите гуми според прикажаната табела на истрошеност. Можната разлика помеѓу новата гума и цената дефинирана во склад со табелата на истрошеност ја покрива купувачот или корисникот на гаранцијата
Во случај на појава на дефект кај гумата, купувачот може да иницира постапка за рекламација со обраќање на продавачот на еден од телефоните за техничка поддршка
Право на рекламација имаат сите физички и правни лица кои се јавуваат како купувачи на гумата. Услов е гумата да е купена и монтирана во еден од Сервисно продажните објекти на МОТОЦЕНТАР ДОО Скопје, со валидна фискална сметка или копија од фактурата за купените гуми.