МОТОЦЕНТАР вработува:
Администратор/Продажен Претставник во Скопје
МОТОЦЕНТАР е реномирана компанија која е основана во 1994 г. и денеска брои околу 200 вработени, таа e синоним за квалитет во продажбата и монтажа на пневматици од светски познати брендови.
Мисијата на МОТОЦЕНТАР е да оствари квалитетно долгорочно партнерство со бизнис партнерите, соработниците, вработените, клиентите. Наша цел е задоволување на потребите на клиентите со високо квалитетни пневматици од светски познати брендови и достапни цени.
Со својата експертиза, искуство и професионализам, како и тимот од млади, обучени и добро подготвени луѓе сме подготвени да понудиме решение на секој проблем и предизвик што клиентите го имаат. Креираме и поддржуваме култура во која секој вработен е ценет и создаваме можности за кариерен раст и развој.

Дали си комуникативна, одговорна и организирана личност со желба за работа во динамична средина? Тимот на Мотоцентар е во потрага по нов член кој ќе ги комбинира административните задачи со активности поврзани со продажба и директна комуникација со клиенти.
Биди дел од нашата приказна – аплицирај денес!
Одговорности:
✓ Спроведување продажни активности;
✓ Прием и услужување на клиенти;
✓ Информирање на постоечките клиентите за тековните промоции и специјални компаниски понуди;
✓ Водење на клиентите низ целокупниот процес на продажба и обезбедување нивно позитивно искуство;
✓ Работа во компаниски систем
Потребни квалификации
✓ Средно образование
✓ Со или без работно искуство
✓ Способност за работа во тим
✓ Одлични комуникациски и организациски вештини
✓ Познавање на работа со MS Office
Зошто да работиш во нашиот тим?
✓ Одличен тим
✓ Работа во стабилна компанија
✓ Позитивна и динамична работна атмосфера
✓ Можност за интерен кариерен развој
✓ Одлична плата; бонуси
✓ Атрактивна и фер плата
✓ Бонус за препорачан пријател
✓ Месечни бонуси
✓ Поволности за вработените
✓ Team building активности
✓ Подарок за роденден
Сите заинтересирани кандидати кој ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV на следната маил адреса: apliciraj@motocentar.com.mk и контакт телефон: 070/289 627 – не подоцна од 25.12.2025.
Испрати ни го твоето CV и приклучи се во нашата база на кандидати
*Согласно Законот за лични податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување се согласувате Вашите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на компанијата, при процесот на селекција на апликанти за вработување во истата.
CASHBACK
3D Tour
Локација на мапа





