Новости

Гаранција за Задоволство од Nokian Tyres

Nokian Tyres се родени, одгледани и тестирани во екстремните услови на Северот. Нудат најдобри перформанси и во најекстремните услови.

Жестоката и разнолика природа на Финска нуди одлични услови за развој на гуми. Во нивните тест-центри во Ивало и во Нокија, ги симулираат екстремните и разновидните услови за возење во сите годишни времиња.

Покрај тоа што имамаат модерна опрема и прецизни инструменти за тестирање, согледувањата на нивните искусни тест-возачи се дополнителна гаранција дека создаваат пионерски производи.

Ако клиентот од некои причини не е задоволен од новиот комплет производи на Nokian Tyres, може да го смени за нов комплет гуми.

Услови и ограничувања за ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите:

» Враќањето мора да биде во период од 14 дена од датумот на купување.
» Се бара оригинален доказ за купувањето.
» Клиентот мора да го пополни образецот за враќање заедно со продавачот на гуми.
» Ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите е валидно само за комплет од четири гуми од ист модел, купени и монтирани истовремено.
» Бројот осум (8) мора да е целосно видлив во системот на Индикаторот за безбедност при возењето (ИБВ) на сите гуми.
» Заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот мора да има иста големина како вратениот или да е за истиот автомобил и фелна.
» Заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот мора да е за истата сезона (лето/лето, зима/зима).
» Ако заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот е поскап од оригиналот, тој/таа мора да го плати дополнителниот трошок.
» Ако заменскиот комплет гуми што го избрал клиентот е поевтин од оригиналот, ќе му/и биде вратена разликата.
» Монтирањето и балансирањето се бесплатни.
» Ветувањето на Nokian Tyres дека ќе бидат задоволни клиентите важи само за гумите купени од продавачите на мало на Nokian Tyres што учествуваат во програмата.
» Гумите мора да му се врати на продавачот од кој биле купени.
» Правилата се предмет на измена без известување.
» Ве молиме, посетете го www.nokiantyres.com за најновата ревизија.