Почитувани,
Во врска со актуелната ситуација поврзана со корона вирусот (Covid-19) и согласно сите забрани, мерки и препораки од надлежните Институции во нашата земја и од странство, “Мотоцентар“ д.о.о. Скопје воведе мерки за превенција и заштита на сите вработени и клиенти.
А. За вработените важат следните:
– Сите кои имаат директен контакт со надворешни лица, задолжителна употреба на заштитна маска и заштитни гумени ракавици;
– Сите кои немаат директен контакт со надворешни лица, се препорачува употреба на заштитна маска;
– На секои 60 минути да се врши дезинфекција на сервисните простории;
– На секои 30 минути да се врши дезинфекција на административните простории;
– Во секој тоалет и кујна се поставени течни средства за дезинфекција;
– Во секое службено возило се поставени течни средства за дезинфекција.
Б. За клиенти важат следните:
– Се препорачува клиентите да се држат до стандардните процедури во “Мотоцентар“ за прием на возило;
– На секое приемно одделение се поставени течни средства за дезинфекција (за клиенти);
– клиентите да оддржуваат по 1.5м растојание од вработените на Мотоцентар и останатите клиенти во просторот;
– Кафетериите во сервисно-продажните центри се затворени се додека важат мерките на Владата;
– Веднаш после предавањето на возилото (клуч и документи) на соодветно место (приемно одделение), се препорачува клиентот да ја напушти просторијата и да се врати за превземање на сервисираното возило согласно напатсвијата од вработениот во “Мотоцентар“;
Овие процедури и протоколи и се ставаат во функција и стапуваат на сила веднаш.
Важат се додека се на сила забраните, мерките и препораки од надлежните Институции во нашата земја.
Ова известување ќе биде: а/Истакнато (во печатена форма) на сите поважни места во рамки на секој продажно-сервисен салон на “Мотоцентар“ и б/Објавено на веб страната и социјалните мрежи на “Мотоцентар“.
Са секоја евентуална измена и/или дополна “Мотоцентар“ ќе врши благовремено известување.
Како општествено договорна Компанија, покрај придржување кон овие процедури и протоколи, апелираме сите одговорно да се однесуваме и кон законите, правилата и прописите во сообраќајот со што ќе се намали можноста за намалување на безбедноста во сообраќајот.
Однапред благодариме за разбирањето и соработката!
“Мотоцентар“ д.о.о. Скопје