Новости

Патувајте безгрижно ова лето – За купени четири гуми од одредени брендови добијте ваучер за семејно или индивидуално, целосно патничко осигурување за 10 дена

Само во Мотоцентар во периодот од 17.06 – 01.09.2019 со секои купени 4 гуми од брендовите: Michelin, Continental, Nokian, Bridgestone, Pirelli и Kleber добивате Ваучер за семејно или индивидуално, целосно патничко осигурување за 10 дена.

Целосното патничко осигурување го нудиме во соработка со Триглав Осигурување АД и важи за патување во цела Европа, вклучувајчи ги Русија и Турција.

За време на престојот целосното патничко осигурување покрива:

• Трошоци за лекување од незгода и болест 15.000 €

• Трошоци за превоз 3.600 €

• Надомест на телефонски трошоци 25 €

• Доцнење на багаж во рок од 20 часа 200 €

• Kражба на лични работи-багаж 200 €

• Кражба на техничка стока-багаж за цело семејство 1.000 €

• Итни стоматолошки интервенции 150 €

Мотоцентар целосното патничко осигурување го издава во форма на ваучер кој корисниците ќе треба да го верификуваат во било која од експозитурите на Триглав Осигурување АД за периодот кој најмногу одговара за патувањето, најдоцна до 15.09.2019.