Motocentar Gallery кој се наоѓа во East Gate Mall во Скопје е деветтиот продажно-сервисен салон во Македонија. Посетителите можат да закажат термин, да го остават своето возило во новиот сервисен центар и да уживаат во шопингот додека нивното возило добива нови пневматици, фелни или пак се сервисира.
Motocentar Gallery е распространет на две нивоа. Составен е од продажно-изложбен салон (ниво -1) и премиум сервисен центар (ниво -2). Со фокус на врвен квалитет, функционалност, но и на естетика, во својот продажно-изложбен салон може да се најде понуда на врвни пневматици составена од светски реномирани брендови, фелни од познатиот италијански производител, автомобилска галантерија и козметика, како и повремена презентација на возила. Покрај редовните сервисни услуги кои се нудат и во останатите “Мотоцентар“ центри, премиум сервисниот центар во рамки на Motocentar Gallery се карактеризира со нови, специфични машини кои се новитет на нашиот пазар.
Ајде сега малку да позборуваме и да ги погледнеме сите тие нови премиум услуги кои се достапни во Motocentar Gallery!
Најпрво се демонтираат целите тркала и се почнува со чистење и отстранување на старите тегови за балансирање. Лепакот од теговите се чисти со специјално средство, како и специјален алат. Потоа, со специјална четка се чистат срцевините на бандажите, а разликата пред и потоа е навистина голема.
Откако ќе се заврши со овој чекор, целите тркала се спремаат за темелно чистење во специјална машина (Wulkan 4×4 HP). Оваа машина работи на многу интересен начин – внатре има ситни пластични микрогранули кои вртат и со тоа ги отстрануваат сите нечистотии од бандажите. Ова е особено важно да се направи бидејќи на овој начин внатрешниот дел од бадажите темелно се чисти, а на крајот се пребришуваат со крпа за да се отстранат дополнителните нечистотии (доколку останале). И да, ваквото чистење воопшто не може да ги изгребе или да ја уништи бојата на бандажите.
Бидејќи старите тегови од бандажите ги отстранивме, тркалата сега треба да одат на ново балансирање. За оваа работа се користи една од најдобрите машини – Road Force Elite која што нуди дијагностичко балансирање на гумите, а тоа значи дека симулира притисок како да возите по улица и благодарение на тоа балансирањето на тркалата е перфектно.
Следно на ред е детално чистење со специјална четка на главчините на автомобилот, каде се поставуваат тркалата, а за овој чекор исто така се користат квалитетни средства и алати. Ова е исто многу важно да се направи бидејќи тука се собираат огромни нечистотии кои може да доведат до залепување и потешко вадење на тркалата.
Сега веќе завршивме со чистење на тркалата и главчините, што значи дека тркалата се спремни за монтирање. Но, пред да се монтираат има уште еден чекор – главчините се премачкуваат со специјална бакарна маст која ги заштитува и тркалата и главчините, а воедно и вадењето на тркалата наредниот пат ќе биде полесно.
На крајот откако тркалата се монтирани, се нанесува средство кое ги заштитува пневматиците и навртките се затегаат со момент-клуч.
Уште една интересна работа е ласерската проверка на длабочината на шарата на пневматиците. Ова е идеално да го направите пред менување на зимските пневматици со летни и обратно, а на тој начин ќе знаете дали пневматиците ќе може да ги користите и следната сезона или ќе треба да набавите нови пневматици.
Освен машините кои ги разгледавме до сега, ексклузивно во Motocentar Gallery достапни се и уште неколку најнови машини кои овозможуваат најдобра премиум услуга.
Hunter Revolution Tyre Changer машината ги користи најновите технолошки иновации и е целосно автоматизирана. Па затоа, на овој начин се избегнуваат оштетувања при монтирање и демонтирање на пневматиците. Исто така, има специјална програма која ги „масира“ пневматици, a ова најчесто се користи за Run Flat пневматици со што се овозможува подобро и поквалитетно монтирање.
Бандажите Ви се искривени? – не се секирајте, во Motocentar Gallery е достапна и врвната Atek Professional Pangea машина која работи автоматизирано и перфектно ги исправа и ги корегира искривените бандажи.
Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Прелистувајќи ја оваа веб-страница, вие се согласувате со нашата употреба колачиња.