Новости

Да ја победиме сообраќајната некултура! Иницијатива на Мотоцентар

 

Изминатата сабота (11.11.2023), на платото пред трговскиот центар “Ист Гејт Мол“, на иницијатива на “Мотоцентар“, а поддржано од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и МВР, се одржа настан именуван како “Да ја победиме сообраќајната некултура!“.

Во рамки на настанот, кон публиката се обратија г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“, г-ѓа Гордана Кожуваровска, Претседател на Републички Совет за Безбедност на Сообраќај на Патишта (РСБСП), г-дин Љупчо Грујовски, Претседател на „Порше Клуб Македонија“ и г-дин Ристо Вуков – Рико, македонски спортски автомобилист. Говорниците повикаа на свест, совест и внимателност во сообраќајот, апелирајќи за важноста на примената на повисоко ниво сообраќајна култура, почнувајќи секој од себе лично.

На настанот, му претходеше авто-мото дефиле во кое учествуваа членовите на “Порше Клуб Македонија“, кои со повремено свирење за време на дефилето, алармираа за поголемо внимание во сообраќајот и сообраќајна култура.