Новости

F1 шампионот Nico Rosberg станува бренд амбасадор на Continental

Две важни имиња од автомобилизмот го започнуваат своето партнерство – Ф1 шампионот од 2016 станува Бренд Амбасадор за производителот на пневматици Continental!

 

Информацијата пристигнува директно од Continental, односно од Philipp von Hirschheydt кој е на чело на Continental Replacement Tires EMEA – „Нико Розберг постигна огромен успех во моторспортот, ги претставува елитните возачи и ја демонстира неговата повеќенасочна посветеност кон заштита на околината. Во меѓувреме, како водечки развоен центар за премиум пневматици, Continental ги поставува стандардите за максимална безбедност и врвни перформанси во сите возачки ситуации и истовремено следиме строга стратегија на одржливост.“

Нико Розберг додаде – „Многу сум горд да работам со партнери каде одржливоста, технологијата и безбедноста се во срцето на она кое го работат. Исто како и јас, и Continental е цврсто посветен на овомозжување одржлива мобилност. Развојот и иновациите во секторот на пневматици е клучен за ова. Јас ги гледам овие споделени вредности како основа за нашата соработка и се радувам на заедничкото работење во иднина.“

File:F1 - Mercedes AMG - Nico Rosberg (28549724736).jpg - Wikimedia Commons

Придобивките од оваа соработка веќе се забележуваат – на почетокот на Април се случи првиот настан од новиот Extreme Racing Series тркачки серијал. На овој настан, Rosberg Xtreme Racing тимот стигна до првото место – и тоа на пневматици од Continental, еден од главните спонзори на Extreme E. Оваа серија – која патем е теренска – се вози на исклучително далечни локации ширум светот, во специјално подготвени електрични автомобили. Extreme E се фокусира на одржливоста, но и има и цел да привлече внимание кон климатските промени и да се соочи со нив преку промовирање на проекти за заштита на околината. „Трките на Extreme E се случуваат онаму каде последиците од климатските промени се веќе јкасно видливи. Серијата соработува со многу интернационални и локални партнери за да преземе чекори за подобрување на ситуацијата. На оваа важна тема ѝ даваме моќна платформа – и истовремено го развиваме ентузијазмот за електричната мобилност и еко-прифатлива иновативност“ – додаде Розберг.

Следната Extreme E трка е закажана за 29-30 Мај, а ќе се одвива во Сенегал. Специјалниот тркачки автомобил развиен за Extreme E се вика Odyssey и има 550 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за само 4.5 секунди и може да совлада сериозни теренски предизвици.

Најголемата понуда на пневматиците од брендот Continental можете да ја погледнете на следниот линк.