Скопје, 29.03.2023 година – Денес, компанијата “Мотоцентар“ го презентираше новото стратешко партнерство со компанијата “ROWE“. Германскиот производител на премиум моторни масла, лубриканти за авто-мото индустријата и авто козметика, склучи со “Мотоцентар“ ексклузивно партнерство за дистрибуција на продуктното портфолио во Северна Македонија. На таков начин, преку мрежата на продажно-сервисни салони “Мотоцентар“, продуктите на “ROWE“ ќе бидат поблиску и достапни до потрошувачите во државата.
“Наш приоритет е континуирано овозможување врвна понуда за нашите корисници. Покрај обемното портфолио на пневматици, нашата деловна стратегија содржи и понуда на резервни делови, средства за подмачкување и авто козметика. Во тој правец, со стратешкото партнерство со “ROWE“ го носиме препознатливиот германски квалитет и високи стандарди на чекор до љубителите на автомобилизмот во Македонија. На таков начин го збогатуваме портфолиото на “Мотоцентар“ и со широкиот асортиман производи “ROWE“ наменети за третман на возила, уште еднаш ја потврдуваме
позицијата на “Мотоцентар“ како предводник на трендовите во овој авто-мото сегмент во нашата држава.“ изјави г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на “Мотоцентар“.
“ROWE нуди целосен асортиман на производи за возила, 100% направени во Германија, кои се развиени и произведени по највисоки стандарди! Со нашите моторни масла и други продукти, како масла за менувач и течности за ладење, на потрошувачите им нудиме лубриканти за нивните превозни средства, со квалитет кој до сега не беше достапен на територија на Македонија“, изјави г-дин Патрик Вајланд (Patrick Weiland), Регионален Менаџер за Продажба во “ROWE“. Патрик Вајланд очекува 2023 да биде успешна година за двата партнера, “ROWE“ и “Мотоцентар“. “Преку веќе докажаните дистрибутивни канали и продажни точки, “Мотоцентар“ ни овозможува сѐ што е потребно за позиционирање на “ROWE“ како еден од водечките брендови за лубриканти во земјата.
За да ја постигнеме оваа цел, исто така, подготвени сме многу да инвестираме во развој на нашиот бренд на македонскиот пазар“, потенцираше Вајланд. На промотивниот настанот, кој се одржа по повод склученото партнерство и презентација на производите на “ROWE“, присуствуваше и познатиот македонски натпреварувач во автомобилски трки, г-дин Игор Стефановски – Иџе. Како дел од програмата за поддршка и промоција на спортот, во рамки на активностите на македонскиот пазар, со поддршка на “Мотоцентар“, “ROWE“ и Игор Стефановски – Иџе склучија партнерство за спонзорска програма.