Зад секоја насмевка, секој резултат и секој успех стојат луѓето. Токму затоа, во Мотоцентар не се градат само работни места, туку и средина во која луѓето сакаат да работат. Компанијата се стреми да обезбеди пријатни и фер услови за работа, поддршка, почит и организациска култура во која трудот и посветеноста навистина се вреднуваат.
Преку наградите „Вработен на сезона 2025“, Мотоцентар упатува искрена благодарност за посветеноста, одговорноста и ентузијазмот што вработените секојдневно го вложуваат во својата работа. Со ова признание се одбележуваат одличните резултати на 13 колеги кои покажаа дека ангажманот и професионалноста секогаш се препознаваат и наградуваат.
Компанијата верува дека признанието за секој вработен претставува силна мотивација, па во таа насока се упатува благодарност до следните добитници на наградите:
• Костадин Костовски, Сениор вулканизер – Кисела Вода
• Марјан Начов, Администратор / продажен претставник – Маџари
• Горан Жежовски, Одговорен за вулканизери – Момин Поток
• Ќазим Демири, Вулканизер – Нерези
• Елизабета Спиркоска, Администратор / продажен претставник – Прилеп
• Влатко Петковски, Заменик раководител на продажно-сервисен центар – Штип
• Стефан Стојановски, Вулканизер – Битола
• Стефан Михајловски, Администратор / продажен претставник – Куманово
• Марко Златковски, Вулканизер – East Gate
• Мухамед Шабани, Вулканизер – Илинден
• Христијан Рангелов, Магационер – Илинден
• Сергеј Цековски, Дистрибутер / возач – Илинден
Дополнително, титулата „Нај колега“ за 2025 година ја доби Сања Гаљак Кочевска, оперативен менаџер.
Во Мотоцентар се верува дека кога вработените се мотивирани, ценети и поддржани, успехот доаѓа природно. Затоа компанијата континуирано инвестира во своите луѓе, препознавајќи ги како срцето и движечката сила на организацијата.
Со гордост се истакнува дека ова признание претставува уште еден бенефит за вработените, кој ќе продолжи и во текот на 2026 година, со јасна цел секој вработен да се чувствува вреднуван, мотивиран и охрабрен да го даде најдоброто од себе.
CASHBACK
3D Tour
Локација на мапа















