Најбрзо растечката компанија за гуми во светот, NEXEN конечно во Македонија благодарение на новото стратешко партнерство со MOTOCENTAR.
NEXEN е освојувачот на Grand Slam, а тоа се четирите најголеми дизајнерски награди, кои за прв пат во историјата му се случиле на една компанија во светот на гумите, без оглед дали се работи за летни, зимски или гуми за сите сезони.
Оттука, неговото присуство на македонскиот пазар значи доаѓање на хит бренд која мора да го запознаете и испробате.
Историјата на NEXEN започнува во 1942 во Јужна Кореја со свои фабрики во Азија и Европа, а денес во преку 150 земји ширум светот ги пласира своите иновации во оваа индустрија преку повеќе од 500 дистрибутери, од кои единствен за нашата земја е MOTOCENTAR.
И тоа не прави бескрајно среќни, да го донесеме уште еднаш најдоброто кај нас.
Оваа компанија има што да покаже, а редовно нејзиниот квалитет го потврдуваат ADAC, Auto Express, Auto Bild, Auto Touring, GTÜ, Auto Zeitung….
Изборот за прво вградување е крунски доказ на квалитетот на NEXEN, а го бираат од Fiat, Hyundai, Kia, Renault, Seat, Škoda, Volkswagen…. А врвното признание за NEXEN е секако фабричко вградување на втората генерација на моделите Panamera & Macan на Porche.
Во друштво на драги пријатели, соработници и гости од светот на авто-индустријата во нашиот MOTOCENTAR GALLERY наздравивме за оваа нова соработка и ги презентиравме пневматиците од летната понуда “N’FERA Sport“ и “N’FERA Sport SUV“, создадени во европската фабрика на NEXEN во Чешка, премиум спортски гуми кои обезбедуваат одлични перформанси на дренажа преку широките жлебови и асиметричните шари, погодни за возење со голема брзина, на влажни и на суви коловози.
За ваша информација, моделот “N’FERA Sport“, е дел од оригиналната опрема пневматици на новата верзија од втората генерација автомобили Porsche Panamera, што само зборува за овој ХИТ бренд во авто индустријата.
Дојдете да го запознаете NEXEN во сите наши сервисни центри и продажната мрежа, ширум Македонија.