Со претставувањето на зимското портфолио на Nokian Tyres, Мотоцентар ја збогатува понудата на премиум пневматици за претстојната зимска сезона. Во фокусот на настанот беше новиот Nokian Tyres Snowproof 3P, развиен за прецизно управување и сигурно прилепување во променливи зимски услови.
На 21 октомври 2026 година, во „Park by Ragusa Group“ во Скопје, Мотоцентар и Nokian Tyres ги претставија најновите зимски пневматици на финскиот производител пред деловните партнери, соработниците и медиумите.
Презентацијата ја водеа Ведран Грубишиќ, менаџер за продажба за Балканот, и Јан Гаврон, технички продукт-менаџер за Централна Европа во Nokian Tyres, заедно со менаџментот на Мотоцентар. Присутните имаа можност одблизу да ги разгледаат изложените модели и да се запознаат со технологиите што стојат зад нивните перформанси.
Nokian Tyres Snowproof 3P: подготвен за променливите зимски услови
Новата генерација зимски гуми треба да одговори на различни предизвици: снег, дожд, студен асфалт и нагли промени на временските услови. Токму за вакви услови е развиен Nokian Tyres Snowproof 3P, премиум зимски пневматик наменет за европските патишта.
Моделот го користи концептот Alpine Performance 3.0, кој ги обединува шарата со три функционални зони, специјалната гумена смеса и зајакнатата внатрешна конструкција:
- Arctic Zone придонесува за прилепување, сопирање и стабилност во зимски услови.
- Aqua Zone помага во одведувањето на водата и отпорноста на аквапланинг.
- Performance Zone ја поддржува прецизноста при управување и стабилноста на правец и во свиоци.
Дополнително, конструкцијата Power Lock Core, со елементите Performance Bead Rings, придонесува за стабилност при маневрирање, додека проширениот заштитен раб обезбедува дополнителна заштита на бандажот.
Технологии за поголема издржливост и удобност
Кај избрани димензии на Snowproof 3P се достапни Aramid Strong Sidewalls, странични ѕидови зајакнати со арамидни влакна за поголема отпорност на удари и оштетувања, како и SilentDrive™, технологија за намалување на бучавата во кабината.
Моделот е соодветен и за електрични возила, со избор на димензија и спецификација според барањата на конкретното возило. Деталите за технологиите и нивната достапност по димензии се наведени на официцијалната страница на Nokian Tyres Snowproof 3P.
Премиум понуда со поддршка од Мотоцентар
Соработката со Nokian Tyres е дел од посветеноста на Мотоцентар да им обезбеди на македонските возачи квалитетни пневматици и стручна поддршка при изборот.
На настанот, генералниот директор Горан Гроздоски ја истакна важноста на ова партнерство за компанијата, која има повеќе од 30 години традиција, 10 продажно-сервисни центри и над 160 вработени низ Македонија.
Новите модели на Nokian Tyres се достапни во продажно-сервисната мрежа на Мотоцентар. За информации за соодветниот модел, достапните димензии и услугите, обратете се во најблискиот центар на Мотоцентар.
Подгответе се за зимската сезона со правилен избор на гуми и совет од нашиот тим.
Мотоцентар и Nokian Tyres во медиумите
Дополнителни објави за настанот можете да прочитате на следните медиуми:
- CARclub — Мотоцентар ги враќа Nokian премиум пневматиците во Македонија
- Automedia — Објава за Мотоцентар и Nokian Tyres
- Бизнис Вести — Мотоцентар и Nokian Tyres ги претставија најновите зимски пневматици
- Екран — Мотоцентар и Nokian Tyres ги претставија најновите зимски пневматици
- Конект — Објава за презентацијата на Мотоцентар и Nokian Tyres
- Експрес — Мотоцентар и Nokian Tyres ги претставија најновите зимски пневматици
- МКД.мк — Мотоцентар и Нокиан ги претставија најновите зимски пневматици
- SportStation — Мраз, брзина и Кими Раиконен: Мотоцентар и Nokian Tyres со зимска офанзива во Скопје
CASHBACK
3D Tour
Локација на мапа


















