Биди дел од тимот што ja движи Македонија Работи со професионалци. Расти со Мотоцентар. Нашиот тим е срцето на компанијата - приклучи се!

Мотоцентар - Повеќе од работа, ова е место за раст, сигурност и гордост

Мотоцентар повеќе од 30 години е лидер во продажба и сервис на гуми во Македонија. Денес, нашето семејство брои над 200 вработени во повеќе од 10 продажни и сервисни локации низ целата земја. Секој ден, нашите тимови создаваат вредност за илјадници клиенти – со професионалност, точност и посветеност што не познава сезонa.

„Нашата сила се луѓето – од искусни вулканизери до младите ентузијасти кои секој ден учат и напредуваат.“

„Во нашите сервиси и продавници владее тимски дух, насмевки и поддршка. Веруваме дека зад секоја успешна гума стои уште поуспешен човек.“

Во Мотоцентар веруваме дека зад секоја успешна компанија стои силен тим.

Зошто Мотоцентар?

ОДЛИЧНА ПЛАТА И БОНУСИ

  • Атрактивна и фер плата
  • Месечни бонуси
  • Бонус за препорачан пријател
  • Бонус за добредојде до 10.000 денари

ОДЛИЧНА ТИМСКА РАБОТА

  • Работа во стабилна компанија
  • Позитивна и динамична работна атмосфера
  • Поддршка и соработка меѓу колегитe

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

  • Платени обуки од врвни професионалци
  • Можност за персонален и професионален раст
  • Напредување во кариерата

ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕНЕФИТИ

  • Team building активности
  • Подарок за роденден
  • Попусти на производи и услуги
Лидерство, знаење и искрен однос – тоа е нашиот пат.

Нашата визија и мисија

Визија:
„Да бидеме лидер во Македонија и регионот, поставувајќи високи стандарди во продажба и сервис на гуми.“

Мисија:
„Да создадеме долгорочни партнерства со клиенти, вработени и партнери преку квалитет, професионалност и постојан развој.“

Нашите вредности:
„Во Мотоцентар веруваме дека успехот не доаѓа случајно – туку преку труд, чесност и тимска енергија. Ова се принципите што нѐ водат секој ден:“

Инвестираме во луѓето и технологијата
„Континуирано вложуваме во развој на нашите тимови, технологии и процеси, затоа што веруваме дека квалитетот почнува од внатре – од луѓето кои секојдневно ја градат нашата репутација.“

Дури и кога нема активен оглас, можеби токму ти си следниот член на тимот на Мотоцентар.

Испрати ни го твоето CV и приклучи се во нашата база на кандидати

    Прикачете CV

    тел. 070 289 627

    apliciraj@motocentar.com.mk

    *Согласно Законот за лични податоци, со самото доставување на апликацијата за вработување се согласувате Вашите лични податоци да бидат предмет на обработка за потребите на компанијата, при процесот на селекција на апликанти за вработување во истата.